Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Типично сценарио за шпанска серија:

На почетокот Габриела живее во штала, нема една нога, глува е, слепа е, неписмена и сиромашна. Нема за храна, па мора да јаде чакал. По 100 епизоди драма:

...Габриела гледа и слуша.

Во 120-та епизода ќе и израсне ногата.

Во 150-та епизода, станува директор на банка.

Во 250-та епизода добива напад на слепо црево, сите мажи во серијата плачат.

Во 300-та епизода дознава дека има татко, брат, мајка, очув, јатрва и свекрва, и дека сите тие се многу богати и со самото тоа и таа е богата наследничка. Сите мажи во серијата плачат.

Во 312-та епизода дознава дека татко и, сам на себе си е близнак, а дека мајка и умрела веднаш штом се родила. Сите плачат, а во тоа посебно се истакнуваат машките ликови.

Две епизоди подоцна банкротира банката која ја води, сите ја мрзат, таа плаче, сите во серијата плачат. Плаче и режисерот и сценаристот и ко-сценаристот.

Оваа епопеја трае околу 20 епизоди.

Во 340-та епизода, Габриела се враќа во шталата во која се родила и таму гатачката и кажува дека ќе има среќа во животот. Плаче Габриела, плаче гатачката, плачат сите мажи во серијата, плаче и баба ми која ја следи серијата, плачам и јас бидејќи на Габриела конечно и тргна.

На крај, по 500 епизоди, пророштвото се исполнува, баба ми почнува да следи друга шпанска серија во која, на почетокот Лусинда живее во штала, нема една нога, глува е и слепа...


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.