Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Taa vs. Toj на работното место


Семејната слика е на неговото биро.
-Тогаш тој сигурно е одговорен семеен човек.
Семејната слика е на нејзиното биро.
-Уффф, нејзиното семејство сигурно ќе ѝ биде поважно од кариерата.

Неговото биро е несредено.
- Тој сигурно работи многу напорно.
Нејзиното биро е несредено.
- Таа е многу неуредна и неорганизирана.

Тој зборува со неговите колеги.
- Сигурно разговараат за последната зделка.
Таа зборува со нејзините колеги.
- Сигурно оговараат.

Тој не е на неговото биро.
- Сигурно е на состанок.
Таа не е на нејзиното биро.
- Сигурно е во тоалет.

Тој не е во канцеларијата.
- Сигурно е на состанок со клиенти.
Таа не е во канцеларијата.
- Сигурно е излезена во шопинг.

Тој оди на ручек со шефот.
Одлично напредува.
Таа оди на ручек со шефот.

Сигурно се љубовници.

Ќе се жени.
- Ќе стане уште подобар човек.
Ќе се мажи.
- Ќе затрудни и ќе си оди.

Тој ќе има дете.
- Му треба покачување.
Таа ќе има дете.
- Ќе ја чини фирмата повеќе додека е на трудничко боледување.

Тој ќе оди на бизнис патување.
- Тоа е добро за неговата кариера.
Таа ќе оди на бизнис патување.
- Што вели нејзиниот сопруг за тоа?


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.