Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Разлика меѓу работа и затвор:


Затвор: Седите во ќелија 2x3 метри.
На работа: Седите во канцеларија 2x2 метри.

Затвор: Добивате оброк три пати на ден.
На работа: Имате само една пауза и сами си го плаќате јадењето.

Затвор: Ако сте добри, ќе добиете слобода.
На работа: Ако сте добри ќе добиете уште повеќе работа.

Затвор: Стражар ви отвора и затвора врата.
На работа: Морате да носите картици, кои најчесто ги заборавате дома и сами си ја отварате вратата.

Затвор: Можете да гледате телевизија и да играте игрици.
На работа: Ако ве фатат да играте игри или гледате телевизија веднаш добивате отказ.

Затвор: Имате сопствено ве-це.
На работа: Го делите вецето со еден куп идиоти кои мократ по даската.

Затвор: Пријателите и роднините можат да ве посетат.
На работа: Нема никакви посети.

Затвор: Сите трошоци за вашето издржување ги плаќаат даночните обврзници, а не морате да работите воопшто.
На работа: Морате да ги плаќате сите трошоци врзани за доаѓањето на работа, а потоа од плата ќе ви одбијат даноци и разни давачки.

Затвор: Морате да се справувате со садистички настроени управители.
На работа: Тука нив ги викаат менаџери.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.