Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Каков е светот во филмовите


1. Ако жената бега од некого ќе се сплетка и ќе падне.
2. Вашата кола нема да запали веднаш ако ве брка некој луд манијак.
3. Лудите убијци се секогаш многу силни и развиени.
4. Добрите момци секогаш пукаат подобро од лошите.
5. Добрите момци секогаш победуваат и ја добиваат девојката.
6. Добрите момци се секогаш убави.
7. Грдите луѓе се секогаш лоши.
8. Проклетите куќи никогаш не се заклучени.
9. Полицајците се паметни.
10. Добрите момци се ранети исклучиво во нога или рака.
11. Сите кинези знаат карате.
12. Убијците секогаш ги прати злокобна музика.
13. Богатите луѓе се несреќни.
14. Тинејџерите се попаметни од нивните родители.
15. Олуите спонтано ги ствараат убијците.
16. Тинејџерите добиваат пристап до било кој компјутер со нивниот
17. Корисникот само чука по тастатурата за да добие полн екран со податоци
18. Кога некој умира, секогаш има барем малку крв на крајот од неговата уста.
19. Никој не прди, освен после грав.
20. Филмовите кои се базирани на вистински приказни се измислени.
21. Полицијата никогаш не чека зајакнување.
22. Тајните агенти се премногу добри за да би биле фатени.
23. Сите бејзбол утакмици ќе зависат од последниот удар.
24. Секој добива во Лас Вегас.
25. Добрите момци не се дрогираат.
26. Светот е полн се прекрасни млади жени кои патат за да водат љубов со момците кои немаат скршен денар во џеб.
27. Никој нема никаков проблем околу наоѓање место за паркирање кога се брза.
28. Студентите на факултет изгледаат како да имаат 30 години.
29. Жените никогаш не чистат ама куќите им се секогаш уредни.
30. Тезгите со улични продавачи како магнети ги привлекуваат колите кои возат брзо.
31. Секој знае да обие брава само со еден алат.
32. Вампирите се убивани секогаш 5 минути пред зајдисонце.
33. Групата секогаш се разделува кога се во потрага по чудовиште.
34. Лудиот убиец секогаш ќе излезе од врата пред жртвата да може да чуе или види, се додека не дојде во позиција да и забоде нож во грб.
35. Секојпат кога некој ќе чуе галама во мрак ќе излезе да види што е.
36. Тинејџерите кои водат љубов секогаш умираат на некој чуден начин.
37. Нема грди жени, има само грди машки.
38. Судските случаеви се решаваат со помош на некој таен сведок.
39. Колата експлодира во сите случаеви.
40. Секој има своја “мрачна“ тајна.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.