Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Финците и нивното време

+15°C / 59°F
Луѓето во Шпанија носат зимски јакни и ракавици. Финците си се сончаат.

+10°C / 50°F
Французите очајно се обидуваат да ја активираат Топлификација. Финците садат цвеќиња во градините.

+5°C / 41°F
Италијанските коли не можат да запалат. Финците си се возат во кабриолети.

0°C / 32°F
Мрзне дестилираната вода. Водата во реката Ванда (Финска) станува погуста.

-5°C / 23°F
Луѓето во Калифорнија само што не измрзнале од студ. Финците ја прават последната скара пред зимата.

-10°C / 14°F
Британците почнуваат да се греат по домовите. Финците носат маици со долги ракави.

-20°C / -4°F
Австралијанците се селат од Мајорка. Финците го завршија летниот фестивал. Дојде есен.

-30°C / -22°F
Грците умираат од студ и ги снемува од лицето на земјата. Финците почнуваат да си ги сушат алиштата во соба.

-40°C / -40°F
Парис пука од студ. Финците чекаат ред пред сендвичара.

-50°C / -58°F
Поларните мечки мигрираат од Северниот Пол. Финската армија го одложува тренингот за преживување во зима додека нe дојде вистинско зимско време.

-60°C / -76°F
Корватури (Домот на Дедо Мраз) замрзнува. Финците изнајмуваат филм и остануваат дома.

-70°C / -94°F
Лажниот Дедо Мраз се сели на југ. Финците се нервираат зошто неможат да си ја чуваат водката надвор. Финската армија го почнува тренингот за зимско преживување.

-183°C / -297.4°F
Микробите во храната неможат да преживеат. Финските крави се жалат дека рацете на фармерите им биле студени.
-273°C / -459.4°F
Сите движења на атомот запираат. Финците ги тријат рацете и викаат: “Ќе биде ладно зимава, а? “

-300°C / -508°F

И пеколот замрзнува. Финска победува на Евровизија.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.