Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Девојка 1.0 - Девојка 4.0 конфликти


Моментално ја користам последната верзија на ДЕВОЈКА и имам големи проблеми. На пример верзијата на ИНТЕРНЕТСУРФ 1.0 ја користам отсекогаш како моја примарна апликација и со сите верзии на ДЕВОЈКА ми јавува конфликти.


Слушнав дека проблемот може ќе се реши ако ДЕВОЈКА ја стартувам во позадина и со исклучен звук. Ама срам ми е да кажам дека не знам како да го исклучам звукот.Сега за сега работат двете верзии само кога ги стартувам одвоено.


Девојка исто така ми прави проблеми и со мојата верзија на ФУДБАЛ 1.0 заради некоја си временска некомпатибилност. Веројатно требаше да продолжам да си ја користам верзијата на ДЕВОЈКА 1.0 ама мислев дека ќе добијам на перформанси ако инсталирам ДЕВОЈКА 2.0. После неколку месеци мачење со конфликтите се консултирав со еден другар кој имаше претходно искуство со ДЕВОЈКА 2.0 и тој ми рече дека за оваа верзија немам доволно кеш ресурси. Тоа ми даде идеја - го извадив кешот и верзијата сама си се деинсталираше.


Кратко после тоа ја инсталирав бета верзијата на ДЕВОЈКА 3.0 која требаше да биде без веќе познатите грешки ама излезе дека уште со првото стартување ми закачи вирус па морав да го чистам и да бидам исклучен едно извесно време.


Многу претпазливо ја инсталирав верзијата ДЕВОЈКА 4.0 а ставив и SCSI и антивирус програм. Добро си работеше се додека не се испостави дека сеуште имам остатоци во системот од ДЕВОЈКА 1.0. Пробав да ги стартувам двете верзии одеднаш ама незнаев дека ДЕВОЈКА 4.0 има опција да штом детектира присуство на друга верзија на ДЕВОЈКА во системот комуницира со неа и двете автоматски се деинсталираат.
Верзијата што сега ја користам добро работи ама сепак имам проблеми. Како и сите верзии на ДЕВОЈКА напишана е во некој чуден јазик и никако не можам да ја репрограмирам.Искрено мислам дека многу внимание е посветено на изглед и шминка отколку на функционалност на програмот. И воопшто не ми се допаѓа што новава верзија е објектно-ориентирана.


Пред една година еден другар ја надгради неговата верзија на ДЕВОЈКА со ДЕВОЈКАПлус 1.0 која е постојана верзија. Тој утврди дека оваа верзија по една година престанува да функционира ако не ја надградиш со ФИНАНСИИ 1.0. Тоа и го направи па излезе дека наскоро мораше да ја надгради во ЖЕНА 1.0 која пак има ненормални барања кога се во прашање ресурсите. Му го завзема целиот простор на дискот и сега не може ниеден друг програм да стартува. Ама сепак е задоволен зашто во пакет доби и верзија на БЕСПЛАТЕНСЕКСПлус само изгледа префрлувањето на ресурсите на ЖЕНА 1.0 понекогаш го спречува користењето на БЕСПЛАТЕНСЕКСПлус. А освен тоа без да сака доби и верзија на БАБА 1.0 која е нон-стоп активна и не може да се деинсталира. Покрај тоа ЖЕНА 1.0 може да работи добро и да даде максимум само ако системот е добро загреан.


Го посоветував да си инсталира ШВАЛЕРКА 1.0 ама ми рече дека слушнал дека доколку го направи тоа без да ја деинсталира ЖЕНА 1.0 може да предизвика бришење на фајловите МС-ПАРИ при автоматската деинсталација на ЖЕНА 1.0.
А во тој случај пак нема да може воопшто да ја инсталира ШВАЛЕРКА 1.0 заради недостаток на кеш ресурси.


НАРАВОУЧЕНИЕ: Запознај го добро својот хардвер и неговите барања за софтвер и компатибилноста а многу внимавај како го надградуваш.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.