Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Дали сте интернет зависник ?



Некои од знаците од кои може да заклучите дека сте станале интернет зависник:

1. Кога го исклучувате вашиот компјутер добивате ужасно чувство на празнина.
2. Вашето куче и вашата две годишна ќерка имаат своја веб страница.
3. Кога се додворувате на девојка, не прашувате за тел. број туку за e-mail адресата.
4. Се случува да се фатите себеси како после секој збор додавате .com.
5. Кога го гасите телевизорот, чекате да се појави “Shut down” порака
6. Не можете да разговарате со домашните затоа што тие немаат компјутер.
7. Имате тетоважа на телото на која пишува „Ова тело најдобро се гледа со IE 5+“
8. Кога вашиот inbox ќе покаже дека нема нови пораки, се чувствувате депресивно и осамено.
9. Не го знаете полот на вашите тројца најдобри пријатели.
10. Вашето семејство секогаш знае каде сте.
11. Во нормални ситуации повеќе не се смеете туку велите “LOL,LOL”.
12. Девојките со кои се дружите се JPEG формат.
13. Најдобар пријател ви е некој кој никогаш не сте го виделе.
14. Се решавате да одите на факултет уште година до две за да искористите бесплатен интернет.
15. Вашата “favorities” збирка се скролува 10 минути.
16. Вашите очила имаат врежано интернет експлорер на нив.
17. Убедени сте дека сурфањето е подобро од секс.
18. Им се смеете на луѓето што имаат модем 33.6к
19. Почнувате да употребувате смајлчиња и во службените псима.
20. Кога ќе се разбудите во 5 наутро, одите во купатило и застанувате да проверите e-mail на враќање накај кревет.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.