Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Белешки за авиомеханичарите:

После секој лет, пилотите на австралиската авио компанијата Quantas, им оставаат белешки на авиомеханичарите со опис на проблемот, а пред следниот лет механичарите им оставаат одговор што направиле во врска со проблемот

1. Опис на проблемот: Левата гума би требало да се замени наскоро
Извештај: Левата гума би требало да биде заменета наскоро

2. Опис на проблемот: Нешто се откачило во кабината
Извештај: Нешто закачивме во кабината

3. Опис на проблемот: Автопилотот сам губи висина на висина од 3000 метри
Извештај: Не успеавме да го повториме проблемот на земја

4. Опис на проблемот: Траги од истечен керозин на левата страна
Извештај: Трагите се избришани

5. Опис на проблемот: Звукот од ДМЕ инструментот е толку гласен неможете ни сами да замислите
Извештај: Звукот од ДМЕ инструментот е подесен на ниво кое постои и немора да го замислуваме

6. Опис на проблемот: ИФФ инструментот не работи
Извештај: ИФФ инструментот обично не работи кога е исклучен

7. Опис на проблемот: Се сомневаме во пукнатина на предното стакло
Извештај: Се сомневаме дека сте во право

8. Опис на проблемот: Авионот смешно реагира на команди
Извештај: Авионот е предупреден да се воозбили

9. Опис на проблемот: Чуден звук од инструмент плочата, како некое џуџе да удира со чекан
Извештај: Чеканот му е одземен на џуџето


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.