Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Tелефонски Секретарки



- Здраво. Овде Миле:
Ако сте од пошта, ја платив сметката .·
Ако се мама и тато, ве молам пратете пари.·
Ако сте од банка, не ми дадовте доволно кредит.·
Ако е некој другар, ми должиш пари ќе те убијам.·
Ако е некоја девојка, не се секирај срце имам доволно пари.·

- Ф е за факултет, П е за Пиво, поради една од овие две причини не сум дома, затоа остави порака.

- Таму седеше Игор и читаше весник. Одеднаш заѕвони телефонот. Истовремено пукна чешмата во купатило и направи поплава по целиот стан. Хаос насекаде а Тоше трча ваму-таму да направи нешто. Дали ќе стигне да се јави ? Изгледа не. Дефинитивно не. Ај остај порака!

- Здраво. Ај сега кажи нешто ти.

- Здраво. Сигурно сум дома , ама нејќам да се јавам за да не слушнам некој што не сакам. Остави порака и ако не ти се јавам набрзо тогаш си ти тој.

- Чао. Сега не сум дома но мојата сексипилна секретарка е. Збори со неа, но причекај го сигналот.

- Здраво, овде Горан. Оставете порака и ке ви се јавам брзо. Ако оставите секси порака ќе ви се јавам побрзо.

- Здраво. Секретарката е расипана, па затоа зборува фрижидерот. Ве молам зборувајте споро да запишам, и ќе го залепам ливчево на мене.


- Ова не е телефонска секретарка, ова е телепатска машина за снимање мисли. По звучниот сигнал мислете на своето име, причината поради која се јавувате и мислете на вашиот телефонски број. Потоа Кире ќе мисли како да ви го возврати повикот.

- Еј. Овде Ѓорѓи. Извини што не можам да се јавам, ама ти остај порака, и чекај до телефонот, кај и да е ќе ти се јавам јас.

- Ало?…Ало?…Ало?…Ве молам зборувајте малку погласно, ништо не ве слушам…(мала пауза). Се шалам, ова е телефонска секретарка, остевете порака после звучниот сигнал.

- Мојата жена и јас во моментов не можеме да стигнеме до телефонот затоа што сме зафатени со проектот за размножување на човештвото. Ќе ве молиме оставете порака за да ви се јавиме штом свршиме.

- Здраво. Јас сум телеф. Секретарка на Дејан. А ти што си?

- Здраво. Го добивте телефонот на Соња и Дарко. Ние во моментов не можеме да се јавиме бидејќи ја правиме нашата омилена работа. Соња го прави тоа горе-доле, а јас го правам лево-десно.Значи вие оставете ја вашата порака а јас и Соња ќе ви се јавиме штом ќе завршиме со миење на забите.

- Ало, овде микропечката на Маја. Нејзината секретарка излезе во град и сега јас ја заменувам. Ако сакате нешто да стоплите додека оставате порака, доближете го до слушалката.

- Ако си крадец, тогаш сигурно сум дома и го чистам пиштолот па затоа неможам да се јавам. Во спротивно сигурно не сум дома и сосема безбедно е да оставиш порака.

- Здраво. Моментално не сум дома ама мојата телефонска секретарка е ,па затоа удварај и се на неа. Почекај сигнал прво.

- Наеднаш почнуваш да стануваш многу уморен. Очните капаци ти стануваат тешки. Многу ти се спие. Постепено губиш сила и способност да правиш било што. Кога ќе го слушнеш тонот, ќе се чуствуваш беспомошно за да оставиш порака.

- Ве молам да оставите порака. Како и да е, имате право да не кажете ништо, бидејќи се што ќе кажете ќе биде снимено и подоцна може да биде употребено против вас.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.