Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Правила за возење низ Скопје


- За да добие генерална слика за возењето во Скопје, пуштете ја играта Need For Speed IV и погледајте. Потоа седнете во вашата кола и вежбајте се.

- Кога се двоумите, додадете гас.
- Никогаш не употребувајте трепкачи (жмигавци) за да не ги збуните останатите учесници во сообраќајот.

- Кога чекате на семафор, не се мачите да гледате во него. Причекајте ги сирените од автомобилите позади вас и тогаш може да тргнете.

- Кога треба да завртите во лево, продолжете по лентата за право и престројте се пред сите за во лево.

- Кога ќе тргнувате запаметете дека треба да додадете нагло гас и да зашкрипите што посилно со гумите.

- Тинејџерите мислат дека се бесмртни. Не трошете време да ги научите обратно.

- Таксистите и голем број други возила секогаш ќе мора да ги претекнувате од десната страна .

- Никогаш,никогаш не застанувајте на пешак, доколку тој самиот не ви се втурне под тркалата.

- Првото паркинг-место што ќе го видите е и последно. Веднаш завземете го. Доколку ве мрзи да се паркирате, слободно оставете го возилото на сред улица.

- Запаметете дека Скопје е дом на слалом возењето.

- Коге се приближувате кон семафор, натемпирајте ја брзината така да поминете вие на жолто светло, не размислувајте за другите позади вас.

- Никогаш не се ни приближувајте до кола на која очигледно и треба поправка.

- Сеkогаш гледајте и на двете страни кога поминувате на црвено светло.

- Кога ќе се приклучувате кон Партизанска од било која страна, ако ви се случи да појдете во обратна насока слободно продолжете да возите.

- Употребувајте ја сирената што повеќе можете, а посебно кога ќе здогледате девојка(и) со мини здолниште.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.