Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Лов на слонови

Како луѓето од различни професии ловат слон...

Математичар
Оди во Африка, отфрлува се што не е слон и го лови она што ќе преостане.

Искусен математичар
Се обидува да докаже дека постои барем еден слон, па потоа ја продолжува горенаведената постапка.

Професор по математика
Го докажува постоењето на слонот, а потоа ги праќа студентите пост-дипломци да го уловат.

Програмер
Лови слон по следнава постапка:
Оди во Африка
Почнува од р’тот “Добра надеж“
Ќе оди од крај до крај на континентот полека придвижувајќи се кон север
Движејќи се така полека од крај до крај :
-ќе го улови секое животно што ќе наиде
-ќе ги спореди нивните особини со особините на некој познат слон
-ќе подзастане кога ќе детектира сличности
-во спротивно ќе продолжи понатаму.

Искусен програмер
Пред да го примени предходниот алгоритам, ќе постави еден слон во Каиро за да биде сигурен дека алгоритмот ќе заврши.

С програмер
Ќе го примени предходниот алгоритем движејќи се и на раце и колена.

Инжењер
Оди во Африка, ги уловува сите сиви животни по случаен избор и го задржува она чија тежина е во дијаметар од 10% тежина од еден просечен слон.

Економист
Не лови слонови бидејќи верува дека тие сами ќе се уловат доколку добро им се плати.

Консултатант
Не лови слонови, никогаш не ги ни ловел, но во секое време би им објаснил како се прави тоа на сите оние кои ловат.

Политичар
Исто така не лови слонови, но сите слонови кои некој друг ги уловил би ги поделил со сите оние кои гласале за него.

Инспектор за контрола на квалитет
Оди во лов на слонови за да би контролирал како останатите ловци ги пакуваат своите ствари.

Трговец
Не лови слонови, но прима нарачки за него со загарантиран рок на испорака два дена пред сезона да почне.

Трговец со софтвер
Ќе улови било што, ќе го испорача и ќе го фактурира.

Трговец со хардвер
Ќе улови било што, ќе го обои сиво и ќе го продаде како портабл слон.

Назад

Copyright © 2017. All right reserved.