Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor

Колекција причини за раскинување


Пресметана: Заради тоа што не можат веќе да сметаат еден на друг едниот се заканува дека ќе скокне од 10-ти спрат сметајќи дека другиот ќе го почитува заради тоа.

Анатомска: И така никогаш не ми се допаѓаше твоето тело

Археолошка: Едниот се труди да го закопа минатото за да може потоа да го обвини другиот дека го откопува

Архитектонска: И онака немаше многу што да се изгради....

Биолошка: Ти само сакаше да ми влезеш во гените......

Бизнис: Двајцата вложија средства во нивната врска а потоа седнаа и пресметаа дека трошат премногу време и пари заедно.

Економска: Едната страна бара повеќе отколку што другата може да обезбеди

Едукативна: Двајцата сватија дека нивната врска беше едно искуство од кое многу научија

Географска: Двајцата одлучуваат да се преселат што подалеку еден од друг од проста причина да можат полесно да се избегнуваат.

Историска: Секоја страна тврди дека раскинувањето е предизвикано од нешто што другата страна го направила во минатото

Филозофска: Ако двајца раскинат на само без сведоци, тогаш дали тие навистина раскинале?

Физичка: Двајцата одстапуваат пред фактот дека се што расте и опаѓа

Психолошка: Девојката го окривува дечкото дека сакал само да ја искористи како замена за неговата мајка

Зоолошка: Парењето им одеше добро ама им недостасуваа пософистицирани вештини за комуникација.


Назад

Copyright © 2017. All right reserved.