Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Шаблон Ќе бидете или нерешителни или неспособни да остварите некоја своја намера.

Шајка Ако најдете шајка - ќе ви се исполнат желбите. Ако ковате шајки - ќе донесете вистинска одлука. Долга шајка - долг живот. Многу шајки - подобрување на ситуацијата. Ако вадите шајки од нешто - ќе чуете некоја тајна. Стара, 'рѓосана шајка - домот ви е во опасност.

Шал Несреќа.

Шамија Види - МАРАМА

Шампањ Непостојана среќа. Ако пиете шампањ - трошите повеќе пари отколку што заработувате.

Шампињони Внимавајте при изборот на брачен партнер. Ако ги јадете - ќе бидете пофалени.

Шанк Многу ќе ви ветуваат, а малку ќе исполнат.

Шапка Види - ШЕШИР

Шапкар Вложувате напор во нешто што нема да ви донесе никаква корист.

Шатор Ќе живеете како уличар.

Шах Ако играте шах - добри планови, но со несигурен крај. Ако на сон учите да играте шах - моменталната желба нема да ви се оствари. Ако гледате како други играат шах - не мешајте се во туѓите неволји.

Шаховска Табла Задоволство и смирување.

Шаховски Фигури Сеуште е далечен патот до потполниот успех.

Шегување Пријатни моменти. Ако слушате како некој се шегува - жалост. Ако се шегувате на туѓа сметка - со своите постапки ќе си создадете непријатели.

Шепа Шепа од кое било животно - ќе ве примораат да направите нешто против своја волја.

Шепотење Ако шепотите со некого - лошо влијаете врз луѓето. Ако шепотите со саканото лице - разочарување.

Шестар Непријатности од кои тешко ќе се извлечете.

Шетање Ако шетате сами - среќа и радост. Ако шетате со други - проблеми во работата.

Шеќер Ако јадете шеќер - многу ви ласкаат. Ако купувате шеќер - добар живот. Ако добиете шеќер - некој ве сака, а вие не знаете.

Шеќерана Ќе добиете покана за свеченост.

Шеф Ако го видите или разговарате со него - ќе ја смените професијата или работното место.

Шешир Нов шешир - углед. Стар шешир - губење на угледот. Ако ветар ви го однесе шеширот - во последен моменет ќе ви избега некоја добивка. Ако го чистите - ќе претрпите штета. Шешир на глава - патување. Шешир на туѓа глава - грижи. Цилиндер - незгодни вести.

Шиење Добро вработување. Ако се боцнете со игла при шиење - ќе дознаете за нечија свадба. Ако ви подарат прибор за шиење - од срце ќе се израдувате на нешто. Ако го изгубите приборот за шиење - љубовни јадови. Машина за шиење - брз развој на некои настани.

Шило Пазете се од моќта на својот противник.

Шимпанзо Ве очекува омраза и завист.

Шипки Ако берете зрели шипки - ќе стекнете нечија наклоност. Ако берете незрели шипки - непријатности поради озборување. Ако јадете шипки - ќе ви се восхитува околината.

Шишарка Неочекувана среќа.

Шише Празно шише - немаштија. Шише полно со нешто - ќе ве озборуваат. Шише полно со вино - богатство. Скршено шише - сиромаштија и болест. Големо шише - долгови. Мало шише - големо изненадување.

Шкаф Се наоѓате пред некоја тајна. Ако на шкафот има клуч - тајната ќе биде откриена. Отворен шкаф - не знаете да ги чувате своите тајни. Многу шкафови - подобра иднина.

Школка Празна школка - празна среќа. Полна школка - многу среќа. Ако ја најдете - непријатности од кои ќе се извлечете со тешки маки.

Шлаканица Ако удрите некому шлаканица - лага. Ако примите шлаканица - се дружите со лошо друштво.

Шлем Ќе најдете моќен заштитник.

Шминка Сте се отуѓиле од луѓето.

Шмрк Непријатно изненадување.

Шолја Углед и задоволство. Ако на сон купувате шолја - ќе добиете покана за на гости. Ако скршите шолја - одрекување од љубовта. Ако добиете шолја како подарок - ќе сретнете верни пријатели. Ако подарите некому шолја - радо сте видени во друштво. Ако пиете од шолја - среќа во љубовта.

Шофер Ќе ви се исполнат некои желби и надежи.

Шпион Ќе извршувате некои одговорни должности.

Штавење Кожа Ако вие штавите кожа - ќе морате да прифатите некоја непријатна работа. Ако гледате како други штават кожа - ќе избегнете непријатна работа.

Штала Ако видите штала или се најдете внатре - ќе решите некои проблеми. Ако е празна - лага. ако внатре има кози - радост. Ако има говеда - благосостојба.

Штедење Успех на сите подрачја.

Штедна Книшка Некому ќе позајмите пари.

Штета Ако на сон претрпите штета - деловен успех.

Штипење Ако штипете некого - непријатности. Ако некој вас ве штипе - непријатности и расправии.

Штит Непријателите чекаат да згрешите.

Штица Ако сечете штици - смрт на некое блиско лице.

Штрк Среќен брак. Ако лета - неуспех во некој погфат.

Штука (Мавање) Посета.

Штурец Ако на сон чуете штурец - имате пријатели за кои и не знаете.

Шуга Ако на сон имате шуга - треба да го поправите своето однесување кон другите. Ако друг има шуга - добивка.

Шум Шумолење на вода - непријатности на патување. Шумолење на ветар - не карајте се за ситници.

Шума Веселба. Ако одите низ шума - наследство. Гола шума - многу работа. Шума во пламен - несреќа. Зелена шума - среќа. Мрачна шума - несреќа, тага. Исечена шума - неуспех. Борова шума - големо изненадување. Букова шума - голема добивка.

Шумар Углед и задоволство, но може да значи и опасност.

Шумарска Куќа Ќе наидете на добар прием кај непознати луѓе.

Шунка Покана за на гости. Ако јадете шунка - незадоволство, влошување на ситуацијата. Расипана шунка - озборување. Ако готвите шунка - интриги. Ако сечете шунка - ќе обавувате некоја бескорисна работа. Ако купувате шунка - раздор и кавги во домот.

Шуплина Ако се наоѓате во некаква шуплина и не можете да излезете - ве очекуваат тешки грижи и јад.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.