Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Чавка Aко ја чуете - ќе изгубите углед. Aко ја видите да лета - среќна иднина.

Чад Не бидете наивни, некој сака да ве посрамоти. Ако чадот се крева право нагоре - тешкотиите брзо ќе ги снема. Ако ветар го дува чадот на лево - тешкотиите се несовладливи. Ако ветар го дува чадот на десно - ќе биде тешко, но сепак ќе се решат проблемите. Куќа полна со чад - имате непријатели. Црн чад - несреќа. Бел чад - чест. Ако чадот ве пече на очи - непријатно доживување.

Чадор Ќе најдете помош во неволја. Отворен чадор - добро размислете за своите постапки, бидејќи после ништо нема да може да се поправи. Отворен чадор во затоврена просторија - несреќа. Влажен чадор - пропадната љубов. Чадор што не може да се отвори - големи незгоди. Свилен чадор - ќе стекнете углед. Искинат чадор - не тргнувајте од околу, ќе настрадате. Чадор за сонце - ќе наидете на разбирање и помош.

Чај Ако пиете чај - ќе бидете во пријатно друштво. Ако пиете лековит чај - болест.

Чакал (Види Песок) Колку повеќе чакал, толку повеќе пари и задоволства.

Чамец Ќе ви се остварат плановите. Ако се возите во чамец - ќе ви се исполни некоја голема желба (ако се работи за патување или преземен ризик се ќе заврши среќно). Натоварен чамец - немаштија. Чамец во кој влегува вода - болест. Ако паднете од чамец во вода - парична загуба. Чамец во олуја - добар крај. Чамец што тоне - прекин на љубовна врска.

Чапја Бидете внимателни. Ако на сон убиете чапја - ќе изгубите нечие пријателство. Чапја со скршено крило - на вашите пријатели нема да им успеат сплетките. Ако ловите чапји - патување. Ако јадете месо од чајпа - неочекувано богатство.

Чаршав Болест.

Часовник Не ја заборавајте важната работа која ве чека. Ако чука - сетете се времето е пари. Златен часовник - ви се заканува опасност да ве ограбат. Ако на сон навивате часовник - наскоро ќе имате љубовна средба. Часовник што застанал - смрт на некој познаник, но кој не е покрај вас. Рачен часовник - користете си го времето подобро.

Часовничар Ви претстои деликатна задача.

Чатал Непријатности.

Чаша Венчавање. Скршена чаша - среќен настан. Чаша со вода - добро здравје. Чаша со вино - веселба. Празна чаша - разочарување. Ако полните чаша со која било течност - ќе изгубите некој пријател. Чаша полна со течност (освен вода и вино) - некој желно ве очекува. Златна чаша - деловен успех. Ако скршите чаша - опасност, смрт.

Чевел Незгоден пат. Облекување чевли - пријатен настан. Тесни чевли - незгоди. Нови чевли - љубовна средба. Искинати чевли - незгоди во блиска иднина. Ако на сон купувате чевли - ќе сретнете нова љубов. Ако некому подарувате чевли - ќе ви се освети вашата невнимателност спрема околината. Ако правите чевли - парична загуба. Црвени чевли - возвратена љубов. Бели чевли - скора свадба.

Чевлар Досаден гостин.

Чек Ако исплатувате чек - деловен успех. Ако потпишувате чек - лекомисленоста ќе ви нанесе штета. Ако не можете да исплатите чек - ќе западнете во долгови.

Чекалница Ќе ви се исполнат љубовните желби.

Чекан Во своите потфати употребете повеќе памет. Ако удирате со чекан - ако употребите суровост во своите постапки се ќе се сврти против вас. Ако на сон работите со чекан - на јаве сте во право, но ќе мора да се борите ако сакате да победите. Ако гледате како некој работи со чекан - ќе си ги решите сите тешкотии. Голем чекан - добро ќе ја завршите започнатата работа.

Чекање Ако чекате некого - пријатни вести.

Челик Кавга, немир и незадоволство.

Чемпрес Ако го видите - тага. Ако го одгледувате - ќе претрпите штета поради својата невнимателност.

Чеп Ќе исправите некоја грешка.

Чепкалка За Заби Кавги во семејството.

Череп Успешен потфат. Скршен череп - грижи.

Честење Ако на сон ве честат - на јаве ве озборуваат зад грб.

Четврток Пријатна иднина.

Четка Ќе ве озборуваат. Ако четкате одело - ќе предизвикате некои непријатности. Четкање коса - гости. Ако на сон ја изгубите четката - среќа.

Четка За Заби Средете си ја ситуацијата.

Чешел Кавги во семејството. Скршен чешел - жестока кавга.

Чешлање Среќен потфат. Чешлање коса - пријатна средба. Чешлање замрсена коса - ќе чуете лоши вести. Чешлање брада или мустаќи - свадба. Ако чешлате животно - ќе направите добро дело.

Чешма Среќен брак. Ако пиете од чешма - ќе добиете признание, добивка.

Чизма Ако соблекувате чизми - имате искрена околина. Ако облекувате чизми - среќа во љубовта. Нови чизми - среќа. Стари чизми - беда. Валкани чизми - озборување.

Чинија Покана за свеченост. Ако скршите чинија - жалост и грижи. Празна чинија - неочекувана кавга.

Чиновник Некој ќе ви се меша во работата. Разговор со чиновник - ќе добиете некаква покана. Ако се сонувате како чиновник - ќе ги осрамотите свите противници.

Чир На нозе или раце - успех во работата. Чир на грб - победа над противниците.

Чистење Ако на сон чистите нешто - добивка, убав подарок.

Читање Читање писмо или ракопис - добивка. Ако читате весници - успех во животот. Ако читате книги - потрудете се уште многу да научите за да имате корист во животот. Ако некому нешто му читате - ќе ги израдувате пријателите.

Чоколада Ако подарувате некому чоколада - внимавајте да не потрошите повеќе отколку што имате. Ако добиете чоколада - имате верни пријатели. Ако јадете чоколада - ненадејна љубовна средба.

Чорапи Грижи, болест. Ако плетете чорапи - корист од работата. Ако купувате чорапи - грижи. Ако ги облекувате или ги соблекувате - минливи тешкотии.

Чување Ако на сон нешто чувате - пазете се од крадци.

Чудо Ако на сон видите некое чудо - на јаве ќе се разочарате.

Чудовиште Сиромаштија.

Чукање Ако чуете чукање - пријатна вест. Ако чукате - вознемирувачки новости. Силно чукање - непријатности.

Чума Доаѓаат тешки времиња.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.