Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Цариник Непријатности. Ако сте вие цариник - ќе посакате некому да се осветите. Ако на сон плаќате царина - ќе имате непредвидени трошоци.

Цвеќарница Минливи незгоди.

Цвеќе Среќа. Бело цвеќе - смрт. Црвено цвеќе - здравје и среќа. Берење цвеќе - нови доживувања. Ако садите цвеќе - ненадеен подарок. Газење цвеќе - упропастени надежи. Ако мирисате цвеќе - „главоболки“. Китење со цвеќе - минлива радост. Ако добиете цвеќе - голема радост. Ако купувате цвеќе - мала радост. Свенато цвеќе - болест. Китка цвеќе - среќа во љубовта. Ако давате некому цвеќе - љубовта ќе ви се продлабочи.

Цевка Благосостојба.

Цедење Ако на сон нешто цедите - сами на себе ќе си нанесете штета поради непромисленост.

Целер Ако јадете целер - ќе се радувате. Ако купувате целер - ќе доживеете љубовна авантура.

Цемент Цврсто пријателство.

Ценовник Непријатни новости.

Цигани Внимавајте на сопствената превртливост.

Циганка Ќе ви ги откријат тајните.

Цигара Ако пушите цигара - позицијата која ја сакате нема да ја добиете. Нудење цигара - дарежливоста ќе ви се исплати. Ако добиете од некого цигара - имате верни пријатели. Пикавец - ќе добиете подарок.

Цигла Несреќа, грижи.

Циклон Незгоди. Циклон на море - радосни настани.

Цимет Ќе добиете подарок.

Циркус Лага, опасност. Ако настапувате во циркус - ќе доживеете некоја срамота. Паника во циркус - несреќен случај.

Црв Ве очекува тешка работа. Црви во телото - пазете се од непријателите. Ако јадете црви - внимавајте на лагите. Црви во јадење - не им се препуштајте на лажните надежи.

Црвена Боја Среќа во љубовта.

Црева Наследство.

Црепка Ако на сон видите црепка што паѓа од покрив - очекувајте добивка или наследство. Ако видите скршена црепка - солзи.

Цреша Добра иднина. Ако берете цреши - љубовна авантура. Ако јадете цреши - пријатни моменти, но наскоро ве очекуваат и расправии. Кисели цреши - чезнеете по недопирливи цели. Слатки цреши - добри вести. Црвени цреши - задоволство и среќа со децата. Семки од цреши - некој нешто ќе ви украде.

Црква Ако видите црква - озборување. Ако ѕидате црква - добивка. Ако влегувате во црква - грижи, лоши вести. Ако се молите во црква - желбата ќе ви се исполни. Црква од друга вера - пат во странство.

Црн Дроб Внимавајте на здравјето. Црн дроб од птица - среќа. Црн дроб од говедо - лаги. Колбас од црн дроб - ќе ви се случи некаква штета. Ако јадете црн дроб - некој ќе ви откаже пријателство.

Црн Пипер Непријатна вистина.

Црна Боја Тага, жалост поради настан кој ќе се случи.

Црнец Залуден труд.

Црта Неостварена желба.

Цртање Среќа и успех на работа.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.