Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Хазардни Игри Aко добивате на хазардни игри - ќе изгубите некој пријател. Ако губите - ќе се ослободите од нешто непријатно.

Харем Ќе направите некоја глупост која ќе ви донесе големи непријатности.

Хармоника Ако на сон свирите на хармоника - ќе приредите некоја свеченост. Ако ја видите - ќе се вплеткате во нечесна работа. Ако ја слушате - претерано се сомневате.

Хартија Ако пишувате на хартија - некому ќе морате да му испратите непријатни вести. Искината хартија - ќе доживеете неправда. Хартија што лета во воздух - некои надежи нема да ви се исполнат. Шарена хартија - весела вест. Црна хартија - жална вест.Ииспишана хартија - непријатности.

Харфа Тага. Ако вие свирите на харфа - патување.

Хемичар Ќе ве мачи некоја неизвесност или ќе откриете некоја тајна.

Хипноза Ако ве хипнотизираат - не лутете се, секоја школа се плаќа. Ако вие некого хипнотизирате - не мешајте се во опасни работи. Ако гледате хипнотизирање - ќе стекнете углед во својата околина.

Хиподром Пропадната работа. Ако настапувате на хиподром - пазете се од помлади лица, ќе ви го заведуваат партнерот.

Хмељ Ќе имате лоши искуства.

Хор Ако на сон слушате пеење на хор - убави и пријатни денови во друштво на пријатели.

Хотел Болест.

Храброст Ако на сон покажувате храброст - некој ќе ве понижи.

Храм Срушен храм - промена на работа.

Хранење Ако на сон храните животни - благосостојба и задоволство.

Хризантема Ќе добиете добра вест од некој кој е далеку од вас.

Хрчак Види - МРЗЛИВЕЦ

Хусар Ако сте вие хусар - успех во љубовта. Ако видите хусар - кавга.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.