Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Оаза И покрај неповолните околности ве очекува успех.

Обвинување Ако сами себе си се обвинувате - среќа и углед. Ако го обвинувате својот партнер - лоши вести. Ако обвинувате некој друг - незадоволство.

Обдукција Ако присуствувате на обдукција - ќе ве повикаат на суд како сведок.

Обелиск Ќе ве посочат како пример за другите.

Обесен Човек Ако видите обесен човек - грижи и непријатности. Ако сте вие обесени - несреќа.

Обетки Ако најдете обетки - добивка. Ако ги изгубите - караница. Ако носите обетки - ќе дознаете некоја тајна. Ако добиете обетки за подарок - некој чезнее по вас.

Облак Живеете во заблуда. Колку се потемни облаците толку поголема ќе биде интригата во која ќе упаднете.

Облека Неостварени тежнеења. Бела облека - свадба. Многу убава облека - изобилство. Валкана облека - кавга и непријатности. Нова облека - средба со ваши добри пријатели кои биле отсустни. Носена облека - загуба на нешто драго. Ако перете облека - мали непријатности, но со добар крај. Ако ставате облека да се суши - ќе чуете важна новост. Ако видите облека ставена да се суши - за болни - оздравуване, за здрави - задоволство. Домашна облека - зголемување на семејството. Женска облека на машко - срамота. Широка облека - имате преголеми желби. Тесна облека - немаштија.

Обложување Ако се обложувате со некого - не впуштајте се во премногу смели шпекулации. Ако добиете облог - неочекуван успех. Ако изгубите облог - ќе направите некоја грешка.

Образи Бледи образи - болест. Дебели образи - премногу сте преокупирани со своите интереси. Набрчкани образи - живеете раскалашен живот. Румени образи - успех во работата. Слаби образи - премногу сте преокупирани со грижата за вашата тежина.

Обрач Уништени надежи.

Овен Благосостојба. Ако на сон убиете овен - жалост. Ако го изгубите - некое лице, кое ви е потчинето, ќе ве покраде и ќе ви го заведе партнерот.

Овошје Ако јадете овошје - задоволство. Ако јадете овошје наизглед убаво, но со непријатен вкус - чувајте се од неверство. Ако подарувате овошје - ќе стекнете нечија љубов или пријателство. Незрело овошје - ви претстојат непријатни случки. Скапано овошје - некој сака да ве излаже. Продавница за овошје - задоволство и успех. Овошје паднато под дрво - несреќа. Овошје во корпа - радост.

Овошка (Дрво) Расцветана овошка - среќа. Овошка со плодови - успех. Сува овошка или без плодови - неуспех. Ако тресете овошка - имате добри соседи. Ако калемите овошки - имате лоши навики.

Овоштарник Несогласувања во љубовта. Ако шетате низ овоштарник - ви претстои безгрижен живот.

Овца Задоволство. Ако најдете изгубена овца - среќа во бракот. Овца што скока - ќе му се радувате на успехот на своите деца.

Овчар Види - ПАСТИР

Оган Ако палите оган - ќе стекнете нечија љубов. Оган без чад - здравје. Силен оган - непоматена радост и чест. Оган со многу чад - недоразбирање кое ќе ве погоди. Оган што паѓа од небо - ќе се случи некоја неправда. Акo огнот не се гледа од чад - ќе изгубите нешто, што најмалку сте го очекувале. Ако газите на оган - откажете се од смелите планови. Ако огнот ви наштети - непријатности. Ако трчате низ оган - ќе се ослободите од големи грижи. Ако гаснете оган - откажете се од работата што сте ја наумиле. Ако огнот фрла искри - добивка. Ако разгорувате оган - кавга, каење. Ако ложите оган во печка - успех на сите полиња.

Оглас Ако на сон читате оглас - пријатни новости.

Огледало Венчавање.

Огниште Ако готвите на огниште - ќе основате свој дом. Ако го гасите огнот во огништето - некој тајно ве сака. Распалено огниште - посета.

Огномет Убава иднина.

Ограда Ќе мора да совладате некои препреки. Ако ја прескокнувате - ќе најдете излез од некоја тешка ситуација.

Одвратност Ако на сон почувствувате одвратност кон нешто - на јаве ќе бидете многу лути.

Одење Бавно одење - грижи. Ако ви е тешко да ги кренете нозете - ќе ви однесат нешто вредно. Одење по покрив - болест. Ако одите куцајќи - тешко ќе го постигнете она што сте го наумиле. Брзо одење - ќе имате препреки при остваруваљето на некои намери. Одење преку трева - ќе ве излажат пријателите. Одење по кал - големи грижи. Ако одите назадечки - неуспех во работата. Одење по рамно - пријатен настан. Одење под дрвја - грижи.

Одмазда Ако се одмаздувате - ќе настрадате. Ако некој ви се одмаздува - сигурни сте пред бесот на луѓето. Ако веќе сте се одмаздиле - ќе се исполни она на што се надевате.

Одмарање Безгрижна старост.

Одмор Ако заминувате некаде на одмор - ќе имате весела и пријатна авантура.

Одмотување На конец - малку по малку ќе го изгубите имотот. На сеила - еден лош човек ќе ве пренесе жедни преку вода.

Озборување Ќе го смените местото на живеење.

Оздравување Мала опасност која може да се избегне со внимавање.

Оклоп Ако носите оклоп - углед. Скршен оклоп - некој ќе сака да ве потчини.

Олово Лажно ве обвинуваат. Ако леете олово - среќа во бракот.

Олтар Среќа во мали добивки.

Омнибус Ако се возите во омнибус - потребен ви е поголем труд ако сакате да ја постигнете целата. Ако го видите - животната ситуација полека, но сигурно ви се подобрува.

Оморика Среќа и задоволство во семејството.

Омраза Ако на сон почувствувате омраза спрема некого - ќе бидете претрупани со работа.

Опасност Заминување на некое драго лице.

Опашка Ќе задоцните на важен состанок. Ако имате опашка - партнерот ве изневерува. Животно со долга опашка - наскоро ќе дознаете за заговорот против вас.

Опера Веселба. Зграда на опера - самољубието ќе ви наштети.

Операција Ако гледате операција - болест. Ако на сон ве оперираат - ве очекува насилна промена.

Опинци Грижи. Нови опинци - радост. Искинати опинци - болест. Ако носите опинци - среќа.

Опиум Ви се заканува голема опасност. Ако земате опиум - тешка болест.

Опсада Успех во работата, углед и чест.

Ораница Малите успеси ќе ве развеселат. Обработена ораница - ќе ви се исполнат очекувањата. Необработена ораница - неуспех. Ако ја орате - среќа.

Оргула Ако ја видите - внимавајте да не направите некоја непромислена постапка. Ако ја слушнете - мир, задоволство и убава иднина.

Орден Углед и чест.

Орев Опасност. Стебло - венчавање. Дрво (орев) со плодови - грижи кои набрзо ќе исчезнат. Дрво (орев) без лисја - брачни караници. Ако ги чистите оревите од лушпи - само со голем труд ќе ги остварите свите намери. Ако кршите ореви - минливи несогласувања во бракот. Ако јадете ореви - подарок. Ако берете ореви од дрво - среќа.

Орел Ако полетува - добар исход на работите. Ако лета - неостварени желби. Орел во кафез - семејни проблеми. Ако го фатите - тага. Ако ловите орел - загуба, штета. Ако убиете орел - штета. Ако одлетува со плен - чувајте се од непријателите. Ако долетува со плен - неочекувана добивка. Ако го видите на дрво во шума - срамота. Ако паѓа или нагло се спушта - во опасност е некој ваш потфат. Бел орел - наследство. Ако го видите во својот дом - богатство.

Ориз Ако јадете ориз - здравје и долг живот. Ако готвите ориз - за болни - оздравување, за здрави - благосостојба. Ако купувате ориз - подобрување на материјалната состојба.

Орнамент Ќе бидете во друштво со угледни луѓе. Ако цртате орнаменти - подобрување на животната ситуација.

Орудие Успех во работата, постигнат со сопствен труд.

Оружје Ако се наоѓате во соба полна со оружје - ќе одите во војна. Ако видите оружје - кавга. Ако носите оружје - ќе имате незгода. Скршено оружје - ќе бидете немоќни во борбата проитв непријателот. Вооружен напад - тешко ќе ги остварите своите права.

Оса Ситни непријатности кои брзо ќе престанат. Ако ве боцне оса - разочарување, клевети, интриги. Ако бркате оси - разделба со некое драго лице. Осилно гнездо - голема загуба. Ако убиете оса - несреќа.

Осиромашување Навикнете се на штедење.

Ослабување Ако се видите на сон ослабени - загуба. Ако видите некој друг ослабен - на туѓа сметка ќе дојдете до добивка.

Оставање Ако некој ве остави, ве напушти - жалост, заморна работа, кавга.

Остров Ќе ве напушти љубовникот/љубовницата. Остров со зеленило - наскоро ќе се случи нешто убаво. Ако пристигнувате на остров - голема среќа. Ако сте сами на остров - ќе ве напуштат пријателите. Пуст остров - загуба.

Осуда Крај на непријатностите. Ако сте осудени - телесна повреда. Ако ги осудувате противниците - добивка.

Откритие Ќе чуете важни новости.

Отпадок Добивка.

Отпатување Без доволно внимание потфатот ќе заврши неуспешно.

Отпечаток Ако на сон видите отпечаток од нешто - ќе ви биде страв од нешто или некој.

Отров Ако на сон земете отров - со неблагодарност ќе ви возвратат на вашите добрини. Ако го давате некому - ќе примите добар совет. Ако сте отруени - ќе изгубите пари или пријатели. Ако подготвувате отров - плановите да наштетите некому нема да ви успеат. Ако одбиете да испиете отров - ќе пропуштите некоја поволна прилика. Отровно растение - се готват завери во вашата најблиска околина.

Отсутност Ако сонувате дека сте отсутни од некој настан - разочарување.

Офицер Задоволство и углед.

Оцет Ако пиете оцет - разочарување. Ако го истурате - некој од најблиската околина не ви мисли добро. Црн оцет - ќе ве презираат и лошо ќе постапуваат со вас.

Очи Сини очи - страсна љубов / некој тајно ве сака. Црни очи - бидете внимателни со т.н. пријатели. Кратковидни очи - загуба. Ако сте лишени од видот - разочарување. Големи и убави очи - Благосостојба и среќа. Едно око - бидете внимателни во работата.

Очила Ако носите очила на сон - потребна ви е заштита. Ако купувате очила - бидете повнимателни. Ако ги изгубите - треба подобро да си го чувате имотот. Ако ги скршите - штета.

Очув Ќе западнете во долгови.

Оџак Семејна среќа. Пожар во оџакот - жестока караница во семејството. Паднат оџак - големи трошоци. Оџак без чад - немаштија. Оџак со чад - успех.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.