Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Лабораторија Ќе се здобиете со ново познанство, но може да биде и предзнак за болест.

Лав Несреќа. Питом лав - склучување на ново познанство. Рикање на лав - опасност. Лав во кафез - ќе го победите непријателот. Ако на сон ве гони лав - загуба. Лавица со мали лавчиња - среќа во семејството. Ако убиете лав - ќе стекнете моќ и углед. Ако ловите лав - доброто со добро ви се враќа.

Лаванда Грижи, непријатности.

Лавина Ви претстои опасност, не плашете се сами да ја отстраните. Ако ве затрупа лавина - ве очекуваат неприлики кои не ќе можете да ги избегнете.

Лавиринт Ќе најдете нешто многу вредно и никој не ќе може да ве спречи да си го земете. Ако не можете да излезете од лавиринтот - ви претстојат големи проблеми. Ако излезете ол лавиринтот - ќе ги совладате сите препреки.

Ладало Невозвратена љубов. Ако се ладите со ладало - некој ќе го одбие вашето пријателство. Ако изгубите ладало - болка.

Ладовина Не сметајте премногу на пријателите.

Лаење Предупредување, обрнете повеќе внимание на советите што ви ги даваат вашите поискусни пријатели. Бесен лаеж - непосредна опасност. Завивање на куче - смртен случај. 'ржење на куче - пазете се од подмолни луѓе. Ако слушате лаење, a не го гледате кучето - се полготвува некое зло.

Лажење Ќе бидете посрамени. Ако на сон слушате лаги - некој ќе се обиде да ве насамари.

Лажица Сигурна иднина. Сребрена лажица - ќе добиете покана за гозба. Голема лажица - ќе бидете во пријатно друштво. Мала лажица - удобен живот. Дрвена лажица - задоволство во семејството.

Лажливец Пазете се од непријателите.

Лак Лажните надежи ќе ви донесат разочарување.

Лак и стрела Ќе наидете на поддршка и разбирање. Ако гаѓате и погодите - со успех ќе ја завршите работата. Ако промашите - ќе мора да почнете се одново.

Лакирање Ќе ви возвратат со неблагодарност.

Лакрдија Околината ве лаже за нешто.

Лале Несреќна љубов. Ако садите лалиња - ќе сретнете убава жена. Ако берете лалиња - неуспех со припадниците на спротивниот пол поради сопствената невнимателност. Ако поливате лалиња - ќе се додворувате на некое глупаво лице.

Лампион Караница.

Ласица Неверство. Ако ловите ласици - неодговорност. Ако ја држите во раце - невниманието ќе ви наштети. Ако убиете ласица - голем успех.

Ласкање Ако некој на сон ви ласка - бидете внимателни најаве. Ако вие некому ласкате - ништо нема да постигнете без труд.

Ласо Ќе ви ја одземат слободата.

Ластовица Во гнездо - радост, среќа во љубовта. Ако ластовицата лета околу куќа - новости. Ако слушате цвркот на ластовица - радосна вест. Ако ластовицата влегува дома - среќа во семејството. Ако ја напушта куќата - раздор во семејството. Ако на сон уништите ластовичко гнездо - поради сопственото невнимание ви претстојат непријатности. Ластовица што лета - пријатна посета. Ако гледате како гради гнездо - љубовен и деловен успех.

Леа Леа посадена со салата - многу труд, малку резултати.

Леб Бел леб - наскоро радост. Црн или бајат леб - грижа. Тазе леб - ве очекува среќа. Ако некој ви даде леб - загуба. Ако печете леб - ќе бидете расположени. Ако јадете леб - благосостојба.

Лебед Добри односи со околината. Бел лебед - спокојство. Црн лебед - грижи и караници. Ако го чуете како пее - смрт. Лебед што плива - ќе ја загубите честа. Лебед што лета - загуба на имотот. Лебед што зборува со човечки глас - ве очекува некаква пресуда.

Легло Наскоро венчавање, пород.

Лежење Ќе бидете тажни. Лежење на ливада - утеха. Лежене болен в кревет - жалост и огорчување.

Лек Загуба, но таква што може лесно да се надомести. Ако пиете лекови - несреќа. Ако ги давате на други - среќа.

Лекар За болни - здравје. За здрави - ви треба добар совет. Ако на сон му плаќате на лекарот - непријатности. Ако лекарот ви даде лек - ќе чуете вести. Ако разговарате со него - некоја желба нема да ви се исполни.

Лековити Тревки Сериозна болест.

Леопард Страв. Ако ве нападне - опасност.

Лепак Несогласување во љубовта.

Лепење Ако лепите нешто - успех на работа.

Летање Блаженство. Долго летање - наредните денови ќе ви поминат многу пријатно. Брзо летање - болест. Ако паднете при летање - непријатности. Летање со крилја - среќа. Ако гледате како летаат други - ќе ве обземе завидливост.

Лето Веселба. Ако сонувате дека е лето, а вие сте топло облечени - неуспех во работата, залудно вложен труд.

Леќа (Растение) Кавги, недоразбирања.

Леш Ако го видите дома - свадба. Повеќе лешови - пријатен настан.

Лешник Ако берете лешници - ќе решите некои ситни проблеми. Ако барате лешници - кавга со соседите. Ако јадете лешници - забоболка.

Ливада Зелена ливада - повторна средба со изгубената љубов. Одење по ливада - ќе присуствувате на нечиј погреб. Искосена ливада и посебно ако одите боси по неа - непријатности и пакости од луѓето што ве опкружуваат. Исушена ливада - безнадежност. Неискосена ливада - радост, љубовна средба.

Ливче Хартија Испишано - не претерувајте со ситниците. Ако е скинато - крај на едно пријателство.

Лизгавица Ослободете се од околината која ве одвлекува на празни забави.

Лизгалки Успех во некој потфат.

Лизгање Лизгање на мраз - добивка.

Ликер Краткотрајна радост.

Лилјак Несреќа. Многу лилјаци - голема несреќа.

Лим Ве очекува жестока расправија. Ако режете лим - ќе се осветите некому. Ако го виткате - успех и победа.

Лимар Домашна караница.

Лимени Садови Кавга.

Лимон Радосна вест. Ако лупите лимон - ќе избегнете некоја опасност благодарение на својата разумност. Ако јадете лимон - чезнеете по топлина.

Лимонада Болест.

Липа Безгрижна иднина. Ако се качувате на липа - ќе ви се исполнат желбите. Ако берете цвет од липа - бакнување.

Лира (Музички Инструмент) Радосни вести.

Лисица Внимавајте, покрај вас е некој кој сака да ви наштети. Ако ја фатите - задоволство. Ако ја убиете - ќе се ослободите од некоја опасност. Лисица без опашка - ќе ги победите соперниците. Питома лисица - неверство. Крзно од лисица - ќе ве изиграат „пријателите“. Ако јадете месо од лисица - свадба.

Лист Ако гледате како летаат лисја во воздухот - ќе ви пропаднат некои големи планови. Ако слушате шум од лисја - радост. Еден лист - надеж. Зелени лисја - голема веселба. Ако паѓаат лисја - подгответе се за некоја загуба, ако кинете листови ќе ве обземе бес. Суви лисја - подарок.

Лифт Ќе ги надминете препреките, но со туѓа помош.

Лихвар Ќе барате помош на погрешно место.

Лице Свое лице - болест. Бледо лице - опасна болест. Грдо лице - грижи, големи неволји. Ако го видите своето лице убаво - децата ќе ви бидат среќни. Ако видите туѓо убаво лице - ќе добиете помош од некој заштитник. Ако се миете - ќе зажалите поради некоја ваша постапка. Насмеано лице - среќа и љубов. Ако го криете лицето - лоши вести. Ако го видите одразот од своето лице во вода - углед и долг живот. Ако видите нејасно лице - болка. Црвено лице - ќе наштетите некому.

Лишај Болест.

Лов Тешка работа без вистинска цел. Ако уловите нешто - добивка во игри на среќа. Ако се враќате од лов без плен - разочарување. Лов на птици - лошо постапувате со оние што ви се подредени. Риболов - ве очекува таква опасност што ќе ја предизвикате сами.

Ловец Ако го видите или ако разговарате со него - ќе бидете лекомислени. Ако сте вие ловец - некој тајно ве сака.

Ловечки Нож Или вие сте фалбаџија или такви луѓе ве опкружуваат.

Ловечки Рог Задоволство.

Ловечко Кучe Пријатен настан.

Ловор Здравје и задоволство.

Ловоров Венец Успех, добивка и победа.

Логорување Во природа - ве очекуваат радосни моменти.

Лоз Залудно се надевате. Ако влечете лоз - разочарување. Ако купувате лоз - загуба. Ако го најдете - добивка во игри на среќа.

Лозинка Среќа, исполнување на желбите.

Лозје Благосостојба и среќа. Ако јадете грозје во лозје - некое женско лице ќе ве исмее.

Локна Локна од коса - ќе примите пријатна порака.

Локомотива Среќа во иднината. Ако ја чуете да свири - опасност. Управувате со локомотива - непријатности на работа. Си заминува - ќе се ослободите од некои здодевни луѓе. Ако доаѓа - ќе чуете важна вест.

Лопата Тешко ќе си го заработите лебот. Ако работите со лопата - ќе ви помогнат пријателите.

Лосос Ако го ловите - трудот ќе ви биде награден. Ако го јадете - ќе најдете нешто вредно.

Лост Некои тешкотии ќе пребродите со помош на пријателите. Ако сами се служите со лост - ќе помогнете некому. Пукнат лост - неуспех.

Лотарија Несигурност. Ако играте - ќе бидете радо прифатени во друштво.

Лубеница Неостварени љубовни желби. Ако јадете лубеница - краткотрајна среќа во љубовта.

Лудак Имате несредени односи со околината.

Лудница Сериозна болест. Ако се наоѓате во лудница - работите ќе ви тргнат наопаку.

Луѓe Многу луѓе - несреќа. Непознат човек - корист. Убиен човек - добивка. Лоши луѓе - грижи. Весели луѓе - некои надежи ќе ви се остварат. Тажни луѓе - непријатности.

Лузна На телото - чест и слава. На лицето - внимавајте да не ве повредат во тепачка.

Лук Ако јадете лук - некоја ваша постапка ќе има лоши последици. Ако сечете лук - незгодна работа. Ако садите лук - ве опкружува злоба. Ако берете лук - ќе се каете.

Лулe Очекувајте подарок. Ако пушите со луле - здравје, мирен живот.

Лулањe Неодлучноста ќе ве доведе до неуспех.

Лулка Брак, а за оние во брак - дете. Ако нишате лулка - вонбрачно дете. Ако добиете лулка за подарок - исмејување. Празна лулка - смрт. Превртена лулка - несреќа во домот.

Лупeњe Ако на сон нешто лупите - смртен случај во семејството.

Лустeр Неизвесност. Ако свети - ве очекува пријатно доживување. Ако го изгаснете - внимавајте, да не направите погрешен потег. Ако го скршите - не правете лудости. Ако купите лустер - ќе ги средите односите во семејството.

Лутина Кавги, грижи и непријатности.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.