Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Кocкa Внимавајте, некој сака да ве искористи. Ако глодате коски - секојдневни грижи. Ако собирате коски - подобар живот, благоларение на штедливоста. Ако палите коски - жалост. Ако ве болат коските - некој потфат ќе ви пропадне. Ако некој друг пати од костобол - внимавајте на своето здравје. Човечки коски - грижи, болест. Животински коски - непријатности.

Кoнak Патување.

Кабинет Aко се наоѓате во кабинет - поради болест ќе бидете приковани за кревет.

Кабриолет Радост и среќа.

Кавга Кавга меѓу жени - озборување. Кавга меѓу мажи - непријатности. Aко слушате како други се караат - и сами на јаве ќе се карате. Aко сте вплеткани во кавга - неуспех на работа. Kавга со пријатели - болка. Kавга со брачниот партнер - ново пријателство. Kавга со лице од спротивниот пол - ќе се вљубите.

Кавијар Aко јадете кавијар - ќе се најдете во ситуација која не ви прилега.

Када Болест, кавга. Ако излегувате од када - ќе совладате некои препреки или некоја болест. Када полна со вода - имате соперник во љубовта. Празна када - вие сте газда. Ако се капете во када - се подготвувате за неверство.

Каење Ако на сон се каете - на јаве ќе се разболите.

Казна Ако сте казнети - наскоро ве очекува среќа. Ако казнувате некого - ќе направите добро дело некому.

Кајмак Успешна работа.

Кајсија Благосостојба и среќа, среќен брак.

Какаду (Папагал) Околу вас има злобни луѓе кои ве презираат.

Кактус Не отскокнувајте од околината.

Кал Штета. Ако паднете во кал - ви претстојат непријатности. Ако имате кал на рацете - ќе имате предност во нешто. Ако имате кал во џеповите - богатство.

Калдрма Ако сонувате пат од калдрма - некој ќе ве пофали.

Календар Неповолни вести.

Калење Железо - оставете го алкохолот. Стакло - ќе ве озборуваат.

Калуѓер Ќе уживате во нечија моќна заштита. Ќалуѓер во темна мантија - несреќа. Ако разговарате со калуѓер - ќе ви завидуваат. Повеќе калуѓери - подготвени сте да направите нешто што не чини.

Калуѓерка Несреќна љубов.

Камбана Неволја. Ако се качувате на камбана - остварување на некои желби. Ако се симнувате од камбана - неуспех.

Камелија (Ивет) Ќе бидете поканети на некоја свеченост.

Камен Предавство. Ако обработувате камен - благосостојба стекната со напорна работа. Ако кршите камења - болест. Ограда од камен - чувајте го здравјето. Ако фрлате камења - незадоволство. Одрон на камења - големи промени во вашиот живот.

Каменолом Ќе добиете земјишен сосед.

Каменорезец Несреќа во блиска иднина.

Камера Премногу сте самосвесни и тоа ви носи штета.

Камила Суша, непријатности, болест. Натоварена камила - добра заработувачка. Слаба камила - немаштија. Дива камила - ќе ви дојде млада жена во семејството. Едногрба камила - животот ви тече без радости. Двогрба камила - ве очекуваат тешки моменти. Ако јавате на камила - промена на подобро.

Камилица Ако видите или ако купувате камилица - болест. Ако берете камилица - здравје. Ако пиете чај од камилица - оздравување.

Камион Нешто ќе заврши добро.

Кампинг Пријатни моменти. Ако се наоѓате во кампинг - немир, несигурност.

Канал Некој ваш пријател ќе направи успешен потфат. Ако затрупувате канал - потпрете се врз сопствените сили. Ако копате канал - бидете поскромни. Ако пловите по канал - лекоумноста ќе ве упропасти.

Канаринец Добри односи со пријателите, но внимавајте на лажните пријатели. Ако лета - пријатни новости. Ако пее - внимавајте да не ве фатат во стапица. Канаринец во кафез - вашата слобода се наоѓа во опасност.

Кандило Ако со кандило чадите во соба - болест. Ако чадите облека - ве очекува некакво уживање.

Канта Ќе чуете поволни вести.

Кантина Ќе се ослободите од големи грижи.

Канцеларија Непријатности. Ако работите во канцеларија - грижи.

Капа На добар пат сте да направите некоја непромисленост, пазете се од тоа. Ако изгубите капа - некој ви е верен. Ако најдете капа - неочекувана средба.

Капела (Црква) Искрено пријателство.

Капење Венчавка. Капење во бистра вода - благосостојба. Во студена вода - здравје. Капење во топла вода - болест. Капење во нечиста вода - тешкотии. Ако се капете облечени - добивка. Костум за капење - настинка. Ако облекувате костум за капење - крај на една љубов. Ако се капете сами - вашата моќ ќе дојде до израз. Ако се капете во друштво - ви се заканува опасност од пожар. Ако гледате како некој се капи - ќе се смирите со некој ваш противник.

Капетан Ќе преземете голема одговорност врз себе.

Капија Отворена капија - следува незгода. Затворена капија - некоја ваша молба ќе биде одбиена. Ако ја отворате со сила - со помош на сила ќе дојдете до успех.

Капина Во вашата непосредна близина живеат луѓе кои не ви се наклонети. Ако берете капини - некој ве сака. Ако јадете капини - ќе имате непријатен партнер. Ако купувате капини - ве очекуваат ситни непријатности.

Капка Не правете непотребни трошоци.

Каприц Ако на сон се однесувате каприциозно - ќе доживеете некое разочаруваoе.

Караван Ќе ги совладате препреките.

Каранфил Нови пријатели. Ако берете каранфили - на видик е радосен настан.

Карневал Тага.

Карпа Карпа во море - страв. Ако се качувате на карпа - ве очекува голем напор. Ако стоите на карпа - мачна работа, но добра заработувачка. Ако трчате кон карпата - опасност.

Карти Се впуштате во ризик, внимавајте да не ве надмудрат. Ако играте карти - ви претстои лекомислена авантура. Ако губите на карти - внимавајте. Ако ги кинете картите - ќе раскрстите со минатото. Ако победувате на карти - не бидете лекоумни. Ако гледате други како играат карти - заработувачка.

Картон Предавство.

Каса Полна со пари - богатство. Празна каса - долгови. Ако земате пари од каса - горко разочарување.

Касарна Бидете трпеливи ако сакате да успеете.

Каснување Омраза и непријателство. Ако ве касне куче - штета. Ако ве касне коњ - ќе ве напуштат пријателите.

Катанец Кражба.

Катедрала Имате недостижни цели. Ако се наоѓате во катедрала - ве очекува убава иднина.

Катран Ќе доживеете понижување.

Кафе Мечтаете за љубовни настани и тоа ќе ви се оствари. Ако пиете кафе - внимавајте што зборувате за оние околу вас. Ако пржите кафе - гости. Ако варите кафе - хармонија во семејството. Ако мелете кафе - кавга. Ако гатате на кафе - лекоумност.

Кафеава Боја Несреќа.

Кафеана Ако седите во кафеана - залудно си го трошите времето. Ако се наоѓате во кафеана без пари - непријатно изненадување.

Кафез Лажни обвинувања. Птици во кафез - озборувањата би можеле да доведат во опасност една наизглед цврста и трајна врска. Птици кои излетуваат од кафез - загуба. Кафез со диви животни - непријателите немада успеат во своите намери. Диви животни кои бегаат од кафез - опасност.

Каца (Буре) Полна каца - богатство. Празна каца - беда, сиромаштија. Каца полна со грозје - некој сака да ве излаже. Каца полна со валкана вода - болест.

Качување Сигурно ќе си ја остварите целта. Качување на дрво - успех. Качување на маса - бескорисна работа. Качување некому на грб - потребна ви е туѓа помош.

Каша Болест.

Кашлање Грижи поради несигурната иднина. Ако се излечите од кашлањето - болест. Ако плукате крв кашлајќи - непријатна посета.

Квадрат Ќе дојдете до низа непријатности, но не се непремостиви.

Квака Ќе стекнете ново познанство.

Квартет Пријатно друштво. Ако пеете или свирите во квартет - ќе стекнете нови пријатели.

Кварц Се дружите со чудни луѓе.

Квасец Успешен завршеток на некој потфат.

Квачка Голема среќа.

Квинтет Можете да се потпрете врз своите пријатели.

Кеј Сите опасности се зад вас.

Келнер Непотребни трошоци. Ако се сонувате како келнер - ќе ја загубите самостојноста.

Келнерка Ве очекува ведра иднина.

Кеса Сиромаштија. Празна кеса - работа. Искината кеса - големи трошоци. Нова кеса - можност за добивка.

Кивање Здравје.

Кинез Ќе одите на пат. Ако разговарате со него - ќе ве посети некој од далеку.

Кино Ќе чуете важна тајна.

Кип Непријатности. Срушен кип - некој потфат нема да ви се оствари.

Кит Корист. Ако убиете кит - промашување.

Клавир Aко слушате како свири - некој ќе ви попречи во работата. Ако вие свирите - непријатни вести.

Кланица Пред вас се наоѓа опасна работа.

Кларинет Ќе се најдете во здодевно друштво.

Клас Исполнуваoе на желбите. Еден клас - неочекувана радосна средба. Врзани класја - среќа во семејството. Класје кое се бранува - остварени планови. Собирање класје - успешен потфат. Ако газите класје - нема да ви се остварат плановите.

Клечење Или сте или ќе бидете папучар.

Клешта Пријателска поддршка во некоја заплеткана ситуација. Пукнати клешти - ќе ја загубите работата. Ако штипете со клешти - ќе доживеете неправда.

Клин Несогласување.

Клисура Со својата непромисленост ќе нанесете штета на некој ваш пријател. Клисура која се руши - ќе ви се испречат големи препреки при остварувањето на целите. Мала клисура - откажете се од потфатот што сте го планирале, бидејќи однапред е осуден на неуспех.

Кловн Ќе учествувате на некоја разуздана веселба.

Клозет Ќе ве озборуваат, но без последици.

Клопче Ќе прифатите работа која не ја разбирате. Ако одмотувате клопче - ќе ги отстраните пречките што ви стојат на патот.

Клукајдрвец Ако видите клукајдрвец или ако го чуете како чука во дрво - ќе чуете радосни вести.

Клун Само храбро во потфатите.

Клупа Корист. Клупа од гранки - многу маки без потреба. Клупа од даски - добивка. Камена клупа - голема заработувачка. ако седите на клупа - не ја забележувате среќата што ви се нуди.

Клуч Среќа во љубовта. Ако најдете клуч или ако го кренете од земја - ќе се извлечете од некои непријатности. Ако изгубите клуч - ќе имате неочекувани непријатности. Ако барате клуч - неуредност на работа. Ако ковате клуч - ќе се помати некое пријателство или љубов. Ако држите клуч во рака - тајна. Голем клуч - ќе претрпите некое насилство. Многу клучеви - добивка.

Книга Корист. Затоврена книга - опасност. Отворена книга - загуба. Книга за деца - веселба со деца. Книга со оштетени страници - ќе изгубите или ќе заборавите нешто важно. Ако на сон пишувате книга - добивка. Ако читате книга - чест и мудрост. Ако гледате како гори - загуба на некое пријателство. ако купувате книга - ќе чуете некои новости.

Кобила Добивка во игри на среќа.

Ковач Успех со тешка работа.

Ковачница Само со работа ќе дојдете до благосостојба. Ако сами ковате во ковачница - ќе добиете добра работа.

Ковчег Ненадејно патување. Ако носите ковчег - ќе работите за други. Ако изгубите ковчег - непријатности. Отворен ковчег - ќе ви ги откријат тајните. Полн ковчег - грижи. Празен ковчег - задоволство.

Ковчег (Мртовечки) Ако видите мртовечки ковчег - голема жалост, големи трошоци. Ако лежите во него - ќе треба да си ги платите долговите. Ако купувате мртовечки ковчег - ненадејна среќа. Ако носите мртовечки ковчег - ви се зацртува некој нов животен пат.

Коза Бела коза - корисен потфат. Црна коза - несреќа.

Кокошарник Празен кокошарник - немаштија. Полн кокошарник - успех и благосостојба.

Кокошка Озборување. Ако гледате кокошка како јаде - пропаст. Ако вие храните кокошка - хармоничен брак. Ако на сон имате ваши кокошки - имате лоши деца. Кокошка со пилиња - веселба. Многу кокошки - љубов. Ако ве нападне кокошка - ќе бидете непотребно обвинети. Ако слушате кокодакање - предавство. Слаба кокошка - срамота. Дебела кокошка - среќа. Кокошка со јајца - љубовни освојуваoа. Ако ја брка петел - не им верувајте на т.н.пријатели.

Кол Ќе ви се исполни некоја желба, но не веднаш како што сте очекувале. Шилест кол - подгответе се за работата што сте ја наумиле. Ако забивате кол в земја - успех.

Кола Пат. Црна кола - пат кој ќе заврши лошо. Бела кола - пат кој ќе ви биде од корист. Раскошна кола - се подготвуваат важни настани.

Колбас Ако видите или јадете колбас - ќе постигнете некоја цел. Ако правите колбаси - вие сте добар домаќин/ка.

Колено Здраво колено - успешна работа. Повредено колено - проблеми. Одење на коленици - ќе се каете поради сопствената неодговорност.

Колење (Животни) Добивка.

Колиба Бидете внимателни спрема околината. Мала колиба - среќа. Многу колиби - сиромаштија.

Комарец Стрвници. Ако ве касне - подмолен напад. Ако слушате зуење на комарец - опасност. Ако убиете комарец - ќе избегнете некоја опасност.

Комета Тешка година со многу непријатности или пак голема радост.

Компас Прифатете го советот на пријателите, зашто само така ќе ги избегнете тешкотиите што ви претстојат.

Компири Немаштија. Прекопување компири - благосостојба. Ако вадите компири од земја - среќа, но со многу труд. Лупење компири - грижи. Ако јадете компири - беда. Ако садите компири - благосостојба.

Комплименти Ако давате комплименти - минливи тешкотии. Ако примате комплименти - краткотрајно задоволство.

Кондуктер Ве очекуваат пријатни денови.

Конец Избегнувајте ги бесмислените работи. Ако плетете со конец - напор. Скинат конец - смртен случај. Ако мотате конец во клопче - заловолство. Ако одмотувате конец - чувајте си ги тајните. Црн конец - неволја. Бел конец - пријатно познанство. Конец во боја - не мешајте се во туѓи работи. Замрсен конец - опасност.

Коноп Добивка.

Концерт Наскоро ќе доживеете голема радост.

Коњ Бел коњ - среќа. Коњ што трча - ќе успеете во сите работи оваа недела. Ако се качувате на коњ - ќе добиете висока чест. Шарен коњ - неслога во љубовта. Црн коњ - пропаст. Црвен коњ - војна. Сив коњ - ќе живеете лошо. Ако протрча - неуспех. Исплашен коњ - неволја. Ако смирувате коњ - награда. Ако не можат да го смират коњот - углед. Ако потковувате коњ - напредуваoе. Мртов коњ - тешкотии. Убиен коњ - добивка во игри на среќа. Коњ што пасе - ве очекува слобода и независност. Ако седлате коњ - ќе направите непромислени постапки. Ако јавате коњ - потрудете се да си ги остварите желбите. Ако паднете од коњ - неуспех на работа. Дрвено коњче - ќе се израдувате од успехот на своите деца. АКо купувате коњ - парична загуба. Ако ве касне коњ - пазете се од лоши луѓе.

Коњак Неумереноста може да ви нанесе само штета.

Копање Ако сами нешто копате - ќе биде награден вашиот труд. Ако гледате како други копаат - загуба поради немарност.

Копирање Ако копирате нешто - ќе бидете казнети поради некоја лошо завршена работа.

Копје Ако фрлате копје - клевета. Ако раните некого со копје - ќе навредите некого. Ако ве погодат со копје - некој ќе ве навреди. Скршено копје - ќе се смирите со некој противник.

Коприва Помислете добро пред да кажете нешто. Ако берете коприви - ќе бидете оштетени поради сопствената непретпазливост. Ако ве журне - несреќа, понижување.

Копче Внимавајте со кого се дружите. Ако изгубите копче - внимавајте да не го разжалостите саканото лице. Ако скинете копче - ќе бидете многу лути. Ако сами си шиете копче - наскоро ќе ви се подобри ситуацијата.

Корали Жалост.

Корен Ќе купите добра стока. Ако копате корења - ве очекува тешка работа, но и богатство. Ако јадете корења - финансиска загуба.

Корито Полно корито - добивка. Празно корито - финансиска загуба.

Коса Фарбање на косата - повторување. Обоена коса - ги лажете пријателите. Плетење на косата - кавги. Сплетена коса - ќе се срамите поради нешто. Извиткана коса - неволји. Седа коса - грижи. Долга коса - имате строги претпоставени. Кратка коса - парична загуба. Кафеава коса - благосостојба. Црвена коса - непријател. Црна коса - среќа. Светла коса - веселба. Чешлање на косата - веселба, а може да значи и болест. Ако чешлате туѓа коса - ќе бидете прифатени од најблиските. Сечење на косата - смрт на некој пријател. Ако сечете туѓа коса - напредување. Убава коса - задоволство. Ако гледате како гори коса - ќе трпите маки. Коса на мртовец - среќа. Женска коса - лаги. Локни - верна љубов. Седи локни - болест. Коса што паѓа - загуба на пријатели или на пари. Убаво исчешлана, уредна коса - наскоро ќе бидете во друштво со драги пријатели. Неурелна коса - жалост и грижи.

Косење Благосостојба. Ако гледате како косат - брза и лесна заработувачка. Ако вие косите - заработувачка, но со многу работа.

Костен Радост. Ако јадете костени - среќа и задоволство. Ако берете костени - големо искушение.

Костур Долг живот.

Котел Помош и разбирање од околината за вашите напори.

Коцкање Ако се коцкате и губите - добро е. Ако се коцкате и добивате - грижи.

Кочија Ако се возите во кочија - ќе постигнете некоја цел. Ако слегувате од кочија - загуба.

Кочница Добивка.

Кошница Голема добивка. Празна кошница - загуба.

Кошула Срамота. Искината кошула - кавга. Ако облекувате или соблекувате кошула - среќно ќе се извлечете од некоја незгода. Чиста кошула - остварување на надежите. Валкана кошула - болест или срам. Ако шиете кошула - среќа во љубовта. Ако перете кошула - хармонија во семејството.

Кошута Заработувачка и благосостојба. Ако убиете кошута - грижи.

Крава Голема среќа. Дебела крава - богата жетва. Слаба крава - неволји, грижи. Ако молзете крава - некој сака да ве искористи. Ако чувате крава - корист.

Кравата Долгови.

Крадец Љубовна авантура. Ако фатите крадец - опасност. Ако ве нападне крадец - ќе се карате, а можеби и ќе се степате со некого. Ако вие крадете нешто - ќе запросите некого.

Кражба Ако откриете кражба - ќе ви се врати нешто што сте го сметале за изгубено. Ако учествувате во кражба - ви се нижат неуспеси. Ако вие сами извршите кражба - кавга со саканото лице. Ако ви украдат нешто - ќе изгубите некој драг пријател.

Крал Далечно патување. Ако себеси се сонувате како крал - промена на работата. Ако ве прими кралот - неочекувана добивка.

Крап Подобрување на материјалната ситуација.

Краста На глава - имате добри изгледи да стекнете богатство. Ако на сон видите деца со красти - здравје.

Краставица Непријатности. Незрела краставица - несреќа. Расипана краставица - предавство. Ако јадете краставица - ќе бидете посрамотени. Жолта краставица - непријатности. Кисела краставица - болест. Ако берете краставици - радост.

Крв Своја крв - ќе ви ги платат долговите. Туѓа крв - добра заработувачка, но може да значи и опасност. Црвена крв - ви претстои радосен настан. Разлиена крв - непријатности. Ако плукате крв - лутина. Ако имате крвави раце - не мешајте се во туѓи работи. Ако ви тече крв од носот - радосен настан. Ако пиете крв - добивка.

Кревет Ви прети болест. Празен или скршен кревет - смрт. Убав, чист, наместен кревет - среќен брак. Ако лежите во кревет - опасност. Ако станувате од кревет - оздравување. Валкан кревет - болест. Неуреден кревет - непријатна вест. "Полн" кревет - љубовна авантура.

Креда Ќе се задолжите.

Крем За јадење - пазете се од крадци. Козметички крем - околу вас има лицемери.

Крзно Болест. Облека од крзно - лоши вести. Ако сте облечени во крзно - опасна болест. Ако шиете крзно - сменете ја околината. Ако купувате крзно - непотребни трошоци. Ако подарувате крзно - неуспех во работата. Ако добиете крзно - ве очекува необичен настан. Скапоцено крзно - догови, лоши вести.

Кривоверство Ќе се најдете во голема опасност.

Криење Ако криете нешто - немате чиста совест. Ако вие се криете - ви се заканува некоја опасност.

Крила Ако се сонувате со крила - ќе заминете на неочекувано патување.

Крин Невиност. Жолт крин - изгубена доверба. Скинат крин - непријатности во љубовта. Ако се китите со кринови - лажна гордост.

Кристал Обрнете повеќе внимание на реалноста, а помалку на своите желби.

Криумчарење Сомнителна работа.

Крма На Брод Углед и задоволство поради успешно завршената работа. скршена крма - кавги.

Кроење Загуба на работа.

Кројач Водете повеќе сметка за својот изглед. Ако се сонувате како кројач - неуспех во работата.

Крокодил Имате непријатели околу себе. Зелен крокодил - смрт на некое лице што нема многу да ве погоди. Жолт крокодил - добра година. Црвен крокодил - ќе успеете во некоја кражба. Ако убиете крокодил - ќе избегнете некоја опасност. Ако ве гони крокодил - долг живот. Ако јадете месо од крокодил - сакате да се осветите некому.

Кромид Невољи. Ако купувате кромид - деловни проблеми. Ако јадете кромид - не се однесувате како што треба.

Крпа Загуба, немаштија.

Крпење Добар живот, благодарение на вашата работливост.

Крст Еден крст - смрт, но не во блиска иднина. Два крста - ќе избегнете некоја опасност. Три крста - почест. Многу крстови - благосостојба.

Крт Одрекување. Ако убиете крт - расипништво. Многу кртови - имате алчни роднини. Дупка од крт - успех.

Круг Талкање. Тешко ќе го најдете излезот од замрсената ситуација.

Круна Ќе паднете во искушение. Ако носите круна на главата - добивка. Сребрена или златна круна - ќе добиете подарок. Круна од лисја или од цвеќиња - радост.

Круша Дрво - добивка. Плод - уживање во љубовта. Многу круши - непријатности. Ако јадете круши - голема заработувачка. Ако тресете круши од лрво - успех на сите полиња. Црвливи круши - чувајте се од подмолните луѓе во вашата околина.

Крчма Кавги со соседите. Ако седите во крчма - ве очекува патување. Ако се наоѓате во крчма без пари - непријатно изненадување.

Куглање Премногу сте смели. Ако поставувате кугли - ќе се обидете одново да си ја пробате среќата. Ако при куглање погодите - сами си ја уништувате среќата.

Кујна Подарок. Ако работите во кујна - ќе завршите некоја работа која ќе ви биде од голема корист. Ако гледате како некој друг работи во кујна - ќе завршите некоја работа од која нема да имате никаква корист.

Кука Тешкотии.

Кукавица (Птица) Среќа и здравје.

Кукла Краткотрајно задоволство. Ако си играте со кукли - ќе ја загубите работата. Ако скршите кукла - ќе покажете некоја невнимателност. Кукла што зборува - внимавајте да не наседнете на измамници.

Кула Успех, подобрување на ситуацијата. Висока кула - ќе бидете понижени и осрамотени. Ако стоите на врвот на кулата - успех.

Кум Ако кумувате некому - ве очекуваат нови должности. Ако видите кум - подарок.

Куна Пазете се од крадци. Ако убиете куна - ќе склучите добар договор со непознати лица. Ако тепате куна со стап - ќе решите некои проблеми.

Купување Ако купувате по високи цени - богатство. Ако се ценкате - мудрост. Ако купувате непотребни работи - расипништво.

Куршум Добри вести.

Кутија Не подарувајте ја својата наклонетост и својата љубов на оние кои не го заслужуваат тоа. Ако носите кутија - ќе ја прокоцкате својата среќа.

Куќа Своја куќа - грижи. Стара куќа - невољи. Срушена куќа - болест. Ако сами рушите куќа - напредок. Куќа во пламен - кавги. Ако купувате куќа - благосостојба. Ако продавате куќа - загуба. Ако градите куќа - радост, добивка. Туѓа куќа - некој ќе ве излаже. Чувар на куќа - добивка. Ако на сон ја видите влезната врата од куќата отворена - убаво ќе ве примат. Ако ја видите влезната врата затворена - ќе имате работа со луѓе. Ако го пречекорите куќниот праг - наскоро ќе основате свој дом.

Куче Добри пријатели. Куче што лае - поволни вести. Ако на сон си играте со куче - ќе се смирите со некого. Ако ловите куче - несигурен успех. Црно куче - лажно пријателство. Бесно куче - грижи. Бело куче - пријатно познанство. Куќичка за куче - ограничете ги своите барања. Колан за куче - ќе ве поканат на некоја свеченост. Ако на сон коланот за куче е на вас - некој ве влече за нос.

Кучка Ќе склопите верни пријателства. Кучка со многу кучиња - ќе стекнете многу нови познанства.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.