Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Забава Ако на сон се забавувате - ќе одите на нечиј погреб и бидете среќни што тоа не е ваш.

Забар Бес и јад.

Заби Ако ви паѓаат - смрт во семејството. Ако извадите заб - ќе ги прекинете односите со некое непријатно лице. Ако поправате заби - ќе си ја средите ситуацијата. Расипани заби - болест. Убави, бели заби - здравје. Нов заб - ќе чуете нешто што не сте го знаеле досега. Вештачки заб - разочарување. Златни заби - богатство. Ако на сон миете заби - штета. Ако ве болат заби - блиски луѓе ќе ви нанесат навреда.

Забивање Ако забивате нешто - само со решителност и храброст ќе постигнете успех.

Заблуда Ако сте во некаква заблуда - ќе најдете пријатели во неволја.

Заборавање Ако на сон нешто заборавите - загуба, назадување во работата.

Забуна Ако направите некаква забуна - пазете се од лажните пријатели.

Заведување Ако сте заведени - околината ве смета за лош човек. Ако заведувате некого - се дружите со лошо друштво.

Завеса Ќе се открие некоја тајна, неизвесна иднина.

Завет Ќе имате непријатности поради неодржани ветувања.

Завивање На Животно Многу лоши вести.

Завидување Ако некому завидувате - успех, но со големи напори.

Завој Ќе ја изгубите сопствената слобода (можеби со венчавање).

Загатка Ако решавате загатка - ќе добиете некои важни објаснувања. Ако не ви успева да ја решите загатката - ќе се најдете пред некој многу замрсен проблем.

Задоцнување На некој состанок - ќе пропуштите некоја поволна можност.

Заем Ако добиете заем - ќе преземете некоја должност. Ако дадете заем - ќе си создадете непријатели.

Зајак Бел зајак - успех. Црн зајак - несреќа. Ако јадете месо од зајак: ако сте болни - ќе оздравите, ако сте здрави - благосостојба. Ако убиете зајак - некој ќе ве поткаже дома. Ако пукате во зајак - незгода на пат. Ако гледате како играат или трчаат зајаци - озборување.

Зајдисонце Долг живот и добро здравје.

Заканување Неуспех при остварување на плановите.

Заклетва Ако полагате заклетва - некому му е потребна ваша помош. Ако лажно давате заклетва - ви претстои брак со вдовец/вдовица.

Закопување Некого или нешто - пазете се, ќе имате судски спор. Ако ве закопале живи - ќе бидете казнети поради љубопитност. Ако сте мртви и ве закопуваат - ви претстои скоро венчавање.

Закуп Ако земете нешто под закуп - благосостојба.

Залив Среќа, спас од непријатностите.

Залог Ако давате нешто под залог - успех во работата. Ако примате залог - не распрашувајте се околу туѓите тајни. Ако не го искупите залогот - непријатности. Ако заложите туѓ предмет - неверство.

Залутување Ако на сон залутате - ве очекуваат и пријатни и непријатни изненадувања. Ако залутате во град - полека, но сигурно ќе стигнете на целта. Ако залутате вон град - залудно се трудите. Ако залутате во шума - ново познанство. Ако залутате во поле - беда.

Замавнување Деловен успех.

Замена Ако заменувате нешто со некого - ќе имате успеси во однесувањето со луѓето.

Заминување Без поздрав - нагла смрт. Со поздрав - промена на позициите.

Замок Ако видите замок - нема да ви се остварат желбите. Ако живеете во замок - благосостојба и среќа.

Замор Ако на сон почувствувате замор - во своите потфати ќе застанете пред самата цел.

Занаетчија Башата вредност ќе дојде до израз.

Запалка Премногу сте експлозивни и тоа ќе ви донесе само штета.

Запалување Ако запалите оган - ве очекуваат низа непријатности поради сопствено незнаење. Ако ја запалите својата куќа - телесни повреди. Ако запалите туѓа куќа - кавга, а можеби и тепачка.

Запознавање Со некого - непријатности.

Зараза Болест во семејството.

Заробеник Ако сте заробеник - не грижете се за секојдневните потреби. Ако видите заробеници - ќе ве излажат.

Заседа Ако паднете во заседа - добро ќе се одвива работата. Ако некому спремате заседа - се подготвува некое зло.

Засипнатост Ако сте засипнати - добивка, корист. Ако е некој друг засипнат - некој ќе се насладува со плодовите од вашата работа.

Засолниште Ако барате засолниште - ќе се случи нешто многу непријатно. Ако барате и не наоѓате засолниште - имате неверни пријатели. Ако го најдете - ќе добиете помош во неволја. Ако живеете во засолниште - ќе доживеете срам или штета поради непристојно однесување.

Затвор Пред вас стои една многу непријатна задача. Ако сте во затвор - ве очекуваат големи неприлики. Ако излегувате од затвор - ослободување од грижите.

Заштитник Ако сте некому заштитник - имате добри намери, но околината лошо ве сфаќа. Ако имате заштитник - ќе ве наговараат на злодело.

Збирка На растенија - радост. На камења - непријатен настан. На марки - напори без цел. На инсекти - непријатности.

Зборови Ако чуете зборови и ги разберете - среќа. Ако не ги разберете - лошо ќе ви тргне.

Зборување Ако некому нешто зборувате - углед. Ако слушате некого како зборува - ќе бидете во досадно друштво. Ако на сон зборувате на странски јазик - ќе се израдувате на гости од далеку.

Зграда Ако гледате како се гради - со трудољубивост ќе дојдете до успех. Ако се вселувате во нова зграда - подобрување на материјалната ситуација. Рушење на зграда - ви претстојат многу пречки на патот до успехот.

Здолниште Ако добиете здолниште - штета. Ако купите здолниште - сиромаштија. Ако носите црно здолниште - погреб. Искинато здолниште - корист.

Здружување Со некого - ви претстои брак.

Зебра Неуспех порад неодлучност.

Зелена Боја Среќна иднина.

Зеленчук Ако берете зеленчук - ќе ви се исполнат некои тајни желби. Ако готвите зеленчук - кавги во семејството. Ако јадете јадење од зеленчук - многу непријатности поради сопствената лекомисленост. Ако јадете сиров зеленчук - ви се заканува опасност од пожар.

Зелка Ако садите зелка - безгрижен живот. Ако јадете зелка - остварување на желбите, но со голем труд.

Земја Ако копате земја - непријатен настан. Ако лежите на земја - болест, непријатности. Ако се отвори земјата - кавги. Исушена земја - непријатности и неуспеси. Плодна земја - благосостојба.

Земјина Топка Големо патување.

Земјоделец Благосостојба со многу труд.

Земјоделие Богатство.

Земјотрес Не ги заборавајте своите должности кон црквата.

Зет Грижи.

Зима Непријатности. Време е да почнете со работа.

Зимзелено Дрво Верувајте им на пријателите.

Зимница Ако спремате зимница - само со штедење ќе дојдете до заработувачка.

Златар Загуба на пари.

Златна Рипка Среќата ќе ви избега.

Златник Ако барате златници - големи трошоци. Ако најдете златници - радост и благосостојба.

Златно Ланче Венчавање во семејството или на некои пријатели.

Злато Ако најдете злато - среќа, наследство. Ако копате злато - ќе наидете на среќа таму каде што ја очекувате. Ако поседувате злато - богатство. Ако ковате злато - благосостојба. Ако сте закитени со злато - луѓето ве сметаат за премногу лоши. Ако крадете злато - лоши вести. Ако подарувате злато - ќе бидете поканети на нечија свадба. Ако изгубите злато - загуба. Ако добиете злато како подарок - ќе бидете осрамотени.

Злосторство Ако видите злосторство - ќе имате работа со полиција. Ако направите злосторство - смртна опасност.

Змеј Ако ве гони - со многу маки ќе избегнете некоја опасност. Ако се борите со змеј - ќе направите некое добро дело. Ако јавате на змеј - голема чест. Змеј од хартија - веселба. Ако гледате како лета змеј од хартија - искачување и благосостојба. Ако паѓа змеј од хартија - непријатности.

Змија Некој од вашата околина сака да ви наштети. Змија со повеќе глави - голема опасност. Многу змии - подмолни пријатели. Многу змии од кои не можете да избегате - има малку изгледи за подобри времиња. Ако ве касне змија - поради озборување ќе расипете некои добри односи. Ако убиете змија - триумф над непријателите. Голема змија - загуба. Мала змија - ќе се лутите некому. Ако вие ја нападнете змијата - опасност, болест.

Знаме Среќа. Ако се вее на ветар - пребродена опасност. Ако носите знаме - пресврт на подобро во работата. Знаме на куќа - ве чека слава. Улица со знамиња - веселба.

Значка (Беџ) Ако носите значка - непријатности. Ако видите значка на друг - ќе избегнете некои непријатности.

Зоолошка Градина Со успех ќе завршите некоја важна работа.

Зумбул Ќе добиете подарок.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.