Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Жаба Мала жаба - среќа. Голема жаба – тага. Ако видиш жаба – лош сосед. Жаби во бара – чувајте се од оговарање. Ако ловиш жаби – ќе се ослободиш од маките. Ако уловиш жаба – чест. Мртва жаба - штета. Ако слушате крекање - добри вести.

Жалфија Долг живот.

Жар Богатство. Жар со искри – грижи.

Ждребе Успех и пари.

Жед Нова работа. Ако ја угасите жедта – грижи и штета.

Желад Благосостојба.

Железница Гости.

Железничар Среќа.

Железничка Пруга Ве очекува патување.

Железо Среќа во љубовта. Железо во голема количина – оздравување од некоја болест. Железо кое се кове – ќе ви пропаднат плановите.

Желка Долг живот.

Жена Млада жена - среќа. Стара жена - несреќа. Гола жена – премногу се грижите за туѓа корист. Отмена жена – чест и успех во трговијата. Многу жени – ќе бидете лути. Ако гушкаш жена – другите ве искористуваат. Ако ја сонувате својата жена – среќа во фамилијата.

Жетва Од далеку ќе чуете добри вести кои ќе следат со веселба.

Животно Среќа. Ако сонувате како сте се претвориле во животно – грижи. Ако сонувате животни да зборуваат – ја зборуваат вистината. Животни како летаат - богатство.

Жирафа Преселба и голем успех.

Жито Радост и среќа во куќата. Ако сеете жито - богатство. Ако вршите жито - добро ќе ја завршите започнатата работа. Ако жнеете жито - среќа. Зрело жито – зло. Ако класјето е празно – тага. Зелено жито – радост.

Жица Грижи. Ако најдете жица - непријатности. Ако барате жица - финансиска криза. Ако ја влечете по себе- ќе бидете вплеткани во долг судски спор.

Жичарница Деловен успех.

Жлеб Ќе наидете на добар соработник на работа.

Жолта Боја Бес и срам.

Жолтица (Болест) Ако на сон боледувате од жолтица - среќа.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.