Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Даб Среќен и долг живот. Сув даб - болест. Ако го исечете - храброст.

Давење Ако вие се давите во вода – здравје. Ако се давите во кал – незгода. Ако гледате како некој се дави – некој ќе ви го загорчи животот.

Датум Ако видите датум – губиток во куќата. Ако вие напишете некој датум – паричен добиток.

Двобој Кавга. Ако сте вие ранет во двобој - губиток.

Двоглед Исполнување на желбите. Ако некој ве гледа низ двоглед - некој ќе ве гони.

Двопек Добивка.

Двор Голема чест. Ако го чистите – ќе западнеш во кавга.

Дворец Посебен издаток. Ако вие го градите – здравје во фамилијата.

Дебелина Чест. Ако сонувате дебели луѓе - опасност.

Девет (Број) Среќа. Ако жена сонува деветка - желба за дете. Ако маж сонува деветка - желба за семејство.

Девојка Веселба. Девојка во друштво – ново познанство. Ако ја бакнеш – среќа и радост.

Дедо Ќе имаш долг живот.

Делкање Задоволство.

Делфин Болест на некое драго лице.

Дете Среќа. Дете што трча – ново познанство. Дете во лулка - радост во семејството. Дете што си игра - среќа во бракот. Дете што плаче - ќе доживеете срам. Ако го храните - семејни грижи.

Детектив Штета во домот. Пазете се да не ви украдат нешто.

Детелина Среќа. Поле со детелина - излез од финансиска криза.

Дива Патка Ќе се разочарате.

Дива Свиња Големи непријатности во работата.

Диви Животни (Дивеч) Чувај се од несреќа. Ако вие ловите - среќа.

Дивокоза Бидете претпазливи.

Дијамант Чувај го она што го имаш да не го изгубиш. Ако имаш дијамант – ќе настрадаш поради својата добрина. Ако најдеш дијамант – големо изненадување.

Динамит Опасност.

Диња Ќе доживеете срам. Ако ја јадете - жалост.

Директор Исполнување на желбите.

Доаѓање Ако доаѓа некој роднина - кавга. Ако доаѓа пријател - голема веселба.

Добивка Ако добиете добивка на среќа – среќа во женидба.

Довикување Болест. Ако чуете како ве довикуваат – имате недовршени работи.

Договарање Пазете се од лаги.

Доење Радосни вести. Ако видиш доилка – на вашите деца им претстои опасност.

Дожд Верност. Дожд со грмотевици – штета. Ако дождот ве намокри - жалост.

Дол Опасност. Ако го преминувате – бидете внимателни. Ако паднете во дол - ќе избегнете некоја опасност. Дол полн со вода – болест.

Долари Среќа во работата.

Долгови Ќе го промените местото на живеење. Ако ги исплатите - болест. Ако направите долгови - кавга.

Долина Радост. Пуста долина – грижи. Ако бидеш во долина – чувај се од несреќа.

Домаќинка Непријатности. Болна домаќинка - несреќа.

Домашни Животни Среќа во фамилијата.

Домино Непријатности. Ако сте во игра – не лажете.

Драгоцености Те чека среќа.

Дрва Богатство. Расфрлени дрва – кавга. Ако собирате дрва – кавга. Ако сам сечете дрва – ќе бидете почитувани. Ако обработувате дрво – ќе ги совладаш непријателите. Расцветано дрво – радост. Зелено дрво – чест и пријателство. Плодно дрво – среќа. Старо дрво – брзо ќе остарееш. Дрво во шума – пријател на висока позицоја.

Дрвени Чевли Издржливост.

Дрводелец Ќе постигнеш важност со својата работа.

Дрворед Ќе добиете помош од одговорно лице.

Дудинка Успех. Ако јадеш – неочекуван добиток.

Дуња Чувај се од непријатели. Ако берете дуњи - успех.

Дупка Ќе се посрамотиш. Ако паднете во дупка - болест. Ако ѕиркате низ дупка - ќе доживеете срам.

Дуќан Трошоци. Ако влегувате во дуќан - ќе потрошите многу пари. Ако го заклучувате дуќанот - деловен неуспех. Ако поминувате покрај дуќан - ќе одолеете на некое искушение. Ако не сакаат да ве послужат во дуќан - болест.

Дух Неспокојство. Ако го фатите – добиток. Ако некој дух ве посети – ви претстојуваат среќни денови. Бели духови – немир. Шарен – штета. Црн - смртен случај.

Душек Богатство.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.