Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Гавран Среќа. Aко чуете гракање на гаврани - несреќа. Jато гаврани - жална вест. Aко бркате гавран - ќе откриете или ќе спречите кражба.

Гајда Радосни вести. Ако свирите на гајда - среќа во љубовта.

Галеб Неочекувано писмо од далеку. Ако уловите галеб - кавга.

Галерија Очекувај добиток.

Гас Ако готвите на гас - брзо остварување на желбите.

Гасеница Лажен пријател. Ако ја згмечите - некој се обидува да ви наштети.

Гаќи Губиток. Валкани гаќи - болест. Искинати гаќи - кавга и тепачка. Шарени гаќи - ќе стекнете добивка со лаги. Ако ги изгубите гаќите - ќе бидете оштетени. Женски гаќи - лошо ви се пишува. Машки гаќи - лоши вести.

Генерал Ќе се најдете во друштво со истакнати личности. Ако се сонувате како генерал - ќе се гордеете со својата работа.

Географска Карта Патување.

Гимназија Остварување на желбите.

Гимнастика Здравје. Ако гледате како други вежбаат - пријатен излет.

Гипс Успех во работата.

Гитара Подарок. Ќе се најдеш во пријатно друштво. Ако слушате како некој свири на гитара - ќе жалите по минатото.

Глава Штета. Глава голема - богатство. Ако имаш две глави - напредок. Глава отсечена - несреќа. Глава крвава - чувај се. Глава ќелава - ви претстои штета. Ако носите глава во рацете - добро и мир. Ако ја миеш главата - имаш неискрен пријател.

Главоболка Радосна вест.

Глад Ако на сон почувствувате глад - добиток на лотарија.

Глас Добар пријател ќе ве посоветува. Ако слушате многу гласови - задоволство. Глас божји - среќа.

Гласник Разочарувачки вести. Ако примате порака од гласник – лоши вести.

Глина Чувај се од неуспех. Ако копате глина - пари.

Глисти Голема несреќа. Ако ги фаќате во рака - долга болест.

Глобус Патување.

Глумец Ако глумиш - срамота во друштво. Ако гледаш глумци - те лажат.

Глупост Ако направиш глупост - утрешниот ден ќе ти биде лош.

Глушец Бел глушец - добар брак. Полски глушец - предавство. Ако ловите глувци - остварени желби. Глушец во стапица - ќе ги победите непријателите. Ако бркате глувци - залудни ви се надежите за добивка. Стапица за глувци - некој сака да ве изигра.

Гнездо Добивка. Гнездо полно со јајца - сватови или веселба во домот. Празно гнездо - загуба. Ако симнувате гнездо од дрво - венчавка. Ако земате јајца од гнездо - ќе направите некоја неправда. Гнездо од ластовица - добивка. Ако го уништите гнездото - чувај се од љубомора. Змиско гнездо - имаш итри пријатели.

Гној Гној да собираш - ненадеен добиток. Ако видите гној на себе - добивка, успех.

Говеда Среќа. Ако колете говедо – неуспех во љубовта. Слабо говедо - несреќа. Дебело говедо – среќно породување на некоја жена. Ако пасат – успех во работата.

Говедско Месо Ако јадете говедско месо – големи неприлики. Ако готвите говедско месо - кавга.

Говорник Послушајте ги советите околу вас. Ако вие држите говор - ќе станете влијателни.

Гозба Голема чест. Ако учествувате во гозба - голема радост.

Голотија Да бидеш гол – жалост и срамота. Голи луѓе - грижи. Ако сте голи со саканото лице - напредок.

Гонење Ако бидеш гонет – оговарање. Ако вие гоните некого – ќе мораш да донесеш тешки одлуки.

Гора Чест. Зелена гора - радост.

Горчина Болест. Горчина во устата – ви претстои жалосен ден.

Господ Остварување на желбите. Ако се сонувате како Господ - напредување во работата. Ако разговарате со него - среќа во бракот. Ако се молите на Господ – неуспех во работата. Ако го колнете - болест, непријатности.

Гостилничар Богатство.

Гостин Ако сте вие гостин - оговарање. Ако ви дојдат гости – кавги во куќата. Ако не можете да се ослободите од гости - ќе останете без некој драг предмет. Ако пречекувате гости - радосен настан.

Готвач Расправии. Ако гледате некој како готви - успешна година.

Готвачка Ненадејна посета. Ако зборувате со готвачката – ќе слушнете глас од далеку за пари.

Готвење Неискрени пријатели во фамилијата. Лажица за готвење - немир. Ако добиете предмет за готвење како подарок - ќе ве изневерат пријателите. Ако готвите во голем сад - несреќа.

Грабливец Ако го успеете да го фатите - ќе се ослободите од некое зло. Ако ве нападне - ќе се судите со некого поради долгови. Ако го припитомите - имате непријател во домот.

Грабнување Венчавка. Ако грабнете нешто од некого - пазете се од непромислени постапки.

Грав Успех во работата. Ако јадете грав - бременост или болест. Ако готвите грав - ќе ви се исполни некоја желба. Ако купувате грав - надежите нема да ви се остварат.

Градење Успех во работата. Ако градите црква - ќе доживеете страв. Ако други градат нешто - ќе го смените местото на живеење.

Гради Исполнување на желбите. Убави женски гради - изненадување. Влакнести гради - здравје.

Градилиште Ви претстојат тешки одлуки за важни потфати.

Градина Среќа во семејниот круг. Ако работите во градина - успех. Градина со многу цвеќе - парична добивка. Градина со висока ограда – неисполнување на надежите. Градина со зеленчук - со малку труд ќе постигнете голема корист. Зелена градина - надежите ќе ви се исполнат.

Градинар Непријатност. Ако на сон сте градинар - ќе уживате во љубовта.

Градител Опасност. Ако разговарате со него - трошоци.

Грамофон Озборување. Ако купувате грамофон - не однесувајте се несериозно, бидејќи ќе ве исмејат.

Гранка Помошта ќе стигне во последен момент. Скршена гранка - прекин на некое пријателство. Сува гранка - несреќа. Зелена гранка - среќа. Ако сечете гранки – вашата непромисленост скапо ќе ве чини.

Грашок Грижи. Ако јадете грашок – ќе ви се исполни некоја желба. Грашок што цвета - среќа. Ако купувате грашок - грижи. Ако продавате грашок - пазете се од повреди. Ако берете грашок - добивка. Ако садите грашок - напредок во домаќинството.

Грб Напредување во работата. Болки во грбот - долг живот.

Гребен Вашата цел ќе биде постигната.

Гребло Вашата ситуација ќе се подобри.

Грешка Нема да сте сигурни во вашите постапки.

Грижа Среќна иднина.

Гризењe Непријатности.

Грип Во своите намери нема да успеете.

Грлица Верност.

Грло Ќе победат вашите непријатели.

Грмотевица Ако слушнете грмотевица - тага.

Гроб Смирување со пријател. Ако копате гроб - опасност. Ако го затрупувате – болест. Отворен гроб - ќе бидете поканети на некоја свеченост. Ако лежите во гроб – добро чувај си ги своите финансии. Ако читате натпис на гроб - ве очекуваат големи тешкотии.

Гробар Вашите долгови нема да можете да ги исплатите.

Гробишта Поклон што ќе ви наштети. Ако шетате низ гробишта - грижи. Ако лежите на гробишта - благосостојба.

Грозје Бело грозје - радост. Црвено грозје - возбудлив настан. Ако берете грозје - ќе се разделите со некого. Ако добиете грозје како подарок - ќе склопите пријатно познанство. Ако јадете грозје - ќе имате љубовна средба.

Гром Опомена за твојата работа. Ако удри гром – ќе претрпиш зло. Ако некој друг го удри гром – ќе бидете почитувани.

Губење Те чека зло.

Гужва Ако сте во гужва - кавга. Ако гледате гужва - добивка.

Гулаб Ако го фатите - загуба. Мртов гулаб - ќе останете без некој добар пријател. Ако јадете месо од гулаб - жалост. Ако гледате како се бакнуваат гулаби - љубовна идила. Ако го пуштите да ви одлета од рака - кратка разделба со саканото лице. Јато гулаби – помош од непознати луѓе.

Гулабарник Посвети поголемо внимание на вашиот брак.

Гумно Среќни денови.

Гусар Парична загуба.

Гуска Ако јадете - голема среќа. Печена гуска - гости. Ако колете гуски - ќе се ослободите од непријателите. Гуска што плива - ве очекува далечен пат. Гуска што гака - за вас се шират лоши гласови.

Гусли Тага. Ако свирите на гусли - среќа во домот, свадба.

Гуштер Промена на местото на живеење.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.