Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Kviz
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Вага Работа со суд, добивка, неизвесност.

Вагон Нема потполно да успеете. Aко паднете од вагон - излез од неизвесноста.

Вазна Весело изненадување. Aко добиете како подарок - деловен успех. Aко ja скршите - бес.

Валцер Ако играте - љубовна изјава. Aко гледате како други играат - невозвратена љубов.

Ванила Ќе стигнете во високо друштво.

Вдовец/Вдовица Пријатно познанство. Успех на работа и добри вести. Ако се сонувате како вдовец/вдовица - радувајте му се на она што ве очекува.

Веѓи Радост и задоволство. Густи веѓи - имаш моќен заштитник. Ретки веѓи - забава и радост.

Вез Ако на сон везете или видите вез - ќе бидете наградени.

Велосипед Кавга дома.

Венец Зелен - свадба. Црвен - љубов. Ако плетете венец - радосна иднина. Ако носите венец на нечиј гроб - неисполнети надежи. Ако носите венец на глава - клеветење. Златен венец - ве очекува у6ав живот. Ако девојка сонува венец - има верна љубов.

Венчање Среќа во бракот.

Вепар Ако трча - ќе избегнете некоја опасност. Ако убиете вепар - ви претстои опасна авантура. Ако уловите вепар - радост.

Верверица Среќа. Ако ја гледате како јаде - среќа во семејниот круг. Ако ве гризне - зло.

Веселба Весело друштво - препреки. Ако си весел - неправди.

Веслање Работа без признание.

Весло Кратко патување, радост.

Весник Ако читате - ќе чуете добри вести.

Вести Ако слушнете вести - болест.

Ветер Голема кавга. Ако те носи, биди постојан. Ако слушаш ветер, некој те лаже. Ако ви дува од грб - добри пријатели. Ако ви дува во лице - несреќен случај. Ако се борите против силен ветер - успех, благодарение на упорноста.

Ветерница Ако врти - успех во работата. Ако стои - работите бавно се одвиваат.

Вечера Среќа и благосостојба. Богата вечера - не подлегнувајте им на страстите. Сиромашна вечера - се дружите со луѓе кои ве чинат многу. Ако ве канат на вечера - не работите чесно. Ако вечерате во друштво - среќа во работата. Ако гледате како други вечераат - сменете го начинот на живеење.

Викање Ако чуете викање - благословени сте.

Вила Ненедејна среќа.

Вилушка Ве опкружуваат пријатели со лоши намери.

Винарски Подрум Минливи тешкотии.

Вино Ако пиеш - другите ве искиристуваат. Вино да тече како река - богатство. Ако е истурено - ќе ве следи среќа. Ако истурате - кавга. Бело - злонамерни пријатели. Црно - убава иднина. Матно - грижи. Ако видите вино во чаша - несигурна иднина.

Винова Лоза Не се мешајте во туѓите работи. Ако ја садите - напредок. Ако ја режете - задоволство и мир во семејството.

Виножито Среќа. Ако ви е над глава - ќе средите некои имотни прашања.

Винска Бочва Гости. Полна - задоволство. Празна - тешкотии.

Виолина Ако свирите на виолина - пријатни моменти во фамилијата. Ако слушате како некој свири - ќе бидете поканети во пријатно друштво.

Вистина Ако чуете како некој ви ја кажува вистината - ќе мора нешто да признаете. Ако вие ја зборувате вистината - непријатности.

Виулица Грижи.

Вишна Ако јадете вишни - грижи. Ако берете вишни - добиток.

Власт Ако вие имате власт - неприлики во работата. Ако имате работа со власта - ќе се смирите со непријателите.

Влез Ако не можете да го најдете - неуспех.

Влечки Некој желно ве очекува. Ако вие ги носите - ќе ви се исполни некоја желба.

Вљубен Пар Ќе уживате во тајни задоволства.

Вљубување Ако се вљубите - напредок.

Внук Благосостојба.

Вода Вода да тече - ве лажат. Ако пиете вода - ќе западнете во тешкотии. Бистра вода - здравје. Матна - зло. Топла - несреќен случај или болест. Ладна вода - радост. Ако се бањате во матна вода - загу6а на некое драго лице. Ако истурате вода - се лажете самите себеси. Ако скокнете или паднете во вода - ќе ве прогонуваат. Мирна вода - жалост. Жуборење на вода - задоволство и среќа. Ако давате некому вода - верно пријателство. Длабока вода - опасност.

Воденица Оговарање. Ако поседувате воденица - богатство.

Воденичар Избегнувај весели друштва.

Воденички Камен Несреќа.

Водовод Добиток.

Водопад Радост.

Воз Патување. Ако возот стои - ќе избегнете некоја несреќа. Брз воз - голема промена.

Возбудување Ќе ви се исполни некоја желба.

Воздишка Ако воздивнувате - неостварени желби. Ако чуете како други воздивнуваат - некој чезнее по вас.

Возен Ред Патување.

Возење Ако се возите во кола - внимавајте ве искористуваат. Ако се возите во свечена кола или пајтон - унапредување. Ако се превртите при возење - непријатно доживување.

Војна Кавга.

Војник Ако сте војник - ти претстои опасност. Ако видите убаво облечен војник - чест.

Војска Радосен настан.

Вол Ќе живеете во мир и изобилство. Многу волови - свадба. Ако пасе - радост. Впрегнати волови - среќа во бракот и љубовта. Ако колете вол - несреќа. Ако се тепаат волови - опасност.

Волк Ако волкот завива - непријатности. Ако ве гони - непријател. Ако го совладате - победа над непријателите. Ако убиете волк - лицемерен подарок. Стапица за волк - штета.

Волна Сплетки и лаги. Ако купувате или продавате волна, успех во трговијата. Ако чешлате волна - ве опкружуваат лоши луѓе.

Волнена Облека Благосостојба. Ако носите волнена облека - голема добивка. Ако ја видите на друг - неуспех во некој потфат.

Восок Ако се топи - штета.

Восочна Фигура Ќе бидете во друштво на досадни луѓе.

Вошка Добивка. Ако видите вошки на друг - успех. Ако ги убивате вошките - пари. Многу големи вошки - благосостојба.

Врапче Радост. Ако гледате како летаат - празни ветувања. Ако ловите - неочекувана средба. Големо јато врапци - пазете се од озборувања. Врапци на покрив - ќе ве исмејуваат.

Врат Ако го миете вратот - здравје. Отечен врат - успех и добивка. Дебел врат - благосостојба. Долг и слаб - болест.

Врата Пријателство. Отворена врата - добар глас. Ако со тешкотии ја отворате вратата - другите не ве сваќаат. Затворена врата - разочарување. Скршена врата - пазете се од крадци.

Вратар Озборување.

Враќање Враќање од некаде - изнанадување.

Врба Среќа. Ако сечете гранки од врба - несреќа.

Врвка Сплетки, озборувања. Златна врвка - чувај си го имотот. Врвка околу тело - незадоволство. Зелена - надеж. Црвена - радост. Жолта - бес. Сина - верна љубов. Црна - грижи. Бескрајна врвка - долгови.

Вреќа Многу вреќи - не расфрлај ги парите непотребно. Полна вреќа - напредок. Празна вреќа - штета. Вреќа полна со овошје - загу6а. Искината или дупната вреќа - голема загуба. Ако носите тешка вреќа - мачен живот.

Вујко Среќен настан во семејството.

Вулкан Жив вулкан - радосно изненадување. Згаснат вулкан - непријатности.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2014. All right reserved.