Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Баба Ако сонувате баба - грижи и лутина. Баба во друштво - чувај се од женски соседи.

Багрем Ако видиш багрем – тага. Расцветан багрем - успех.

Бадем Ќе ви дојде пријател во куќа. Расцветано бадемово дрво - ќе ви се исполнат желбите. Нерасцветано бадемово дрво - ќе мора да почекате за да ви се остварат желбите. Бадем (плод) - ве очекува искрена љубов.

Бајка Радост во семејството. Ако слушате - некој ќе ве излаже. Ако раскажувате - безуспешно ќе се обидувате да лажете.

Бакар Треба да почекате за желбите да ви се остварат.

Бакнеж Ако некој те бакнe - те лаже. Ако бакнеш некого - добар напредок. Ако ја бакнете земјата - ќе доживеете понижување. Ако сакате да бакнете некого, а не смеете или не можете - жалост. Ако бакнете непознато лице - пазете се при љубовните средби. Ако бакнете некој кој е во брак - кавга. Ако бакнете некому рака - грижи.

Бактерии Болест.

Бакшиш Ако ви дадат бакшиш - ќе ви доверат некоја тајна. Ако дадете бакшиш - занесеноста ви носи само штета.

Бал Веселба. Ако играте на бал - непријатности. Ако се чувствувате пријатно на балот - некому му се допаѓате. Бал со маски - угледот ви е во опасност.

Балерина Трошоци.

Балет Ако играш - ненадејни добри вести. Ако гледаш - чувај се од непријатности.

Балкон Пази се, ти претстои опасност. Ако се качувате на балкон - имате непријатели.

Балон Неостварени желби. Многу балони - чувај се од лажливци. Балон да експлодира - неуспех и кавга.

Банана Aко јадете банана - краткотрајна љубов.

Банка Финансиска несигурност.

Банкар Пазете се од шпекулации.

Бар Губиток.

Бара Ако се суши - мака и тешка работа. Ако ја видиш - оговарање. Ако одите низ бара - и покрај трудот нема да успеете.

Барање Ако бараш некого - ќе се вознемириш. Ако на сон барате нешто - желбите ќе ви останат неисполнети.

Барометар Болест и грижи. Променливо расположение во семејството.

Бегање Грижи и тешкотии. Ако не успеете да избегате - сте западнале во големи сплетки. Бегање пред мртовец - имате нечиста совест.

Беда Ако сонувате беда – богатство. Ако сонувате туѓа беда – ќе се покаете за нешто.

Бела Боја Ве очекува радост.

Бележник Не се секирајте, на крајот сe ќе се среди.

Бензин Радост, па разочарување.

Берба Среќа во љубовта. Берба без гроздови - ќе имаш неприлики.

Берберница Ќе бидете озборувани.

Берза Напредок во работата.

Бес Опасност. Ако сонувате дека другите се бесни, а вие не - среќа.

Бесилка Ако гледате како некој виси на бесилка - штета и губиток. Ако вие висите на бесилка - ве очекуваат големи успеси и ќе ви се исполнат желбите.

Библија Веселба. Ако ја читаш библијата - ќе ти умре некој од блиските.

Библиотека Залудно го трошите времето.

Бик Гозба и веселба. Ако бегаш од него – биди претпазлив околу тебе. Многу бикови - пари. Ако на сон убиете бик - ќе совладаш некоја голема препрека.

Билјард Сe оди на подобро. Топки за билјард - непостојана среќа.

Бисер Среќна вест. Ако добиете бисер на поклон - ќе бидете излажани. Ако купувате бисери - лоши вести. Ако носите на себе бисери - солзи радосници. Бисерно ланче - чувај се од преправања.

Битка Ако гледаш битка - опасност. Ако учествувате во битка - добиток.

Благајна Ненадејна вест. Полна благајна - благосостојба. Празна благајна - губиток.

Благослов Голема веселба. Ако дадеш благослов - голема добивка. Ако одбиете благослов - болест.

Близнаци Среќа во фамилијата. Ако на сон добиете близнаци - ќе добиете покана за некоја голема свеченост. На тие во брак - среќа, на тие што не се во брак - грижа.

Богаташ Ако си богат - очекувај опасност. Ако видиш богатство - загуба.

Боја Ако вие бојадисувате - некој ве лаже на работното место. Ако гледате како некој бојадисува - болест во куќата. Ако на сон гледате бои - долг живот.

Бокал Ако пиете од бокал - омилени сте во својата околина или ќе добиете подарок. Ако скршите бокал - имате скриени непријатели.

Болест Ако сонувате дека сте болни – радост. Ако не оздравите - губиток. Ако некој лежи болен - губиток. Ако посетувате болен - здравје. Ако сте вие болни и ве посети некој - ќе добиете награда или признание. Ако негувате болен - среќа и радост. Ако бдеете над болен - трудот ќе ви биде награден.

Болка Ако на сон почувствувате болка - среќата веќе ве чека.

Болница Напредок во животот. Ако излегувате од болница здрави - ќе избегнете некоја опасност. Ако влегувате во болница - ненадеен издаток.

Болничар/Ка Непријатни новости.

Бомба Среќно изненадување. Ако бомбандираш некого - паричен губиток.

Бомбони Радост. Ако купувате бомбони - расфрлање пари. Ако подарувате бомбони - ќе направите добро дело. Ако некој вам ви подари бомбони - имате пријател кој ќе ви помогне. Ако јадете бомбони - доаѓаат лоши времиња.

Бор Бор во шума - среќа. Многу борови - веселба.

Боровинка Ако видиш боровинка - веселба и среќа. Ако јадете боровинки - задоволство. Ако берете боровинки - наскоро ќе ги снема грижите.

Босилек Напредок во работата. Ако на сон берете босилек - болест.

Боцки Ако се боцнете - загуба.

Бочва Полна бочва - задоволство. Празна бочва - грижа. Бочва без дно - залуден труд.

Брава Помирување со противниците.

Бравар Ќе чуете некоја тајна.

Брада Голема брада - голема чест. Мала брада - беда. Црна брада - здравје и добиток. Долга брада - слава. Ако сонувате брадеста жена - непријатности. Бричење брада - караница.

Брадавица Ако видиш - чувај се од туѓа злоба. Ако имаш - ненадејна добивка.

Бразда Тешка работа.

Бразлетна Ако носите бразлетна - ќе добиете подарок. Ако поседувате бразлетна - среќа. Златна бразлетна - блиска радост. Бразлетна од лажно злато - имате лоши пријатели. Ако ја добиете како подарок - некоја желба нема да ви се исполни. Ако украдете бразлетна - веселба.

Брак Склопување на брак - кавга. Ако го напуштате бракот - добра заработувачка. Ако го изневерувате брачниот партнер - пазете се од оган.

Брат Здравје и долг живот. Разделба со брат - изгледи за успех. Кавга со брат - ќе ја изгубите работата. Ако братот ја напушта куќата - лошо влегува во куќата.

Братучед Не им верувај на ветувањата.

Брашно Напредок во животот. Среќа и задоволство. Ако купувате брашно - имате добар пријател. Мелење брашно - Благосостојба. Вреќа со брашно - беда.

Брег Ќе ви се оствари некоја желба. Стрмен брег - пазете се од итри луѓе. Брег со клисура - опасност. Ако шетате по брег - променлива среќа. Ако стоите на брег - триумф над противниците.

Бреза Ако се качувате на бреза - ќе доживеете непријатности. Сува бреза - болест. Расцветана бреза - веселба. Исечена бреза - среќа.

Бремена Жена Болест.

Брзање Ако брзате некаде - ќе ви дојдат гости.

Брод Ќе добиете помош во последен момент. Заринкан брод - големи грижи. Усидрен брод - сe добро ќе заврши. Брод што стои на мирно море - наследство.

Бројки Ако на сон гледате бројки, а не ги запамтувате - грижа. Ако го видите бројот 7 - голема среќа. Ако на сон пишувате бројки - на јаве ќе бидете многу ангажирани. Ако сонувате повеќе бројки - играјте лото.

Бубачка Идната година добро ќе ја запамтите.

Був Ќе слушнеш лажни вести. Ако го ловиш - макотрпна работа без награда. Ако видиш був - болест на некое блиско лице. Ако чуете како вика - смрт на некој пријател или близок во фамилијата.

Будење Ви претстои опасност.

Будилник Ако на сон чуете како ѕвони будилник - некој ќе ве опоменува.

Бука Имате верни пријатели.

Буква Ако гледате букви - новост. Ако пишувате букви - несреќа. Ако учите букви - децата ќе ви приредат некакво задоволство. Измешани букви - некој ќе ве надитри.

Букет Раѓање на дете. Ако добиете букет - среќа во љубовта. Ако дадете букет - додворување.

Бумбар Чувај се од лажни непријатели.

Бунар Ако видиш бунар - среќа и веселба. Ако вадите вода од бунарот - свадба. Ако бунарот е пресушен - болест. Ако паднете во бунар - грижи. Ако копате бунар – сиромаштија.

Бунда Ќе наследите големо богатство.

Буниште Ненадеен добиток. Ако одите по буниште - непријатности.

Бура Ве очекуваат тешкотии и сиромаштија. Ако се извлечете од бурата - победа.

Буре Полно буре - радост. Празно буре - кавги. Големо буре - благосостојба. Мало буре - пазете се од соседите. Буре без дно - залудни маки. Ако тркалате буре - неочекувана добивка.

Бурма Верна љубов.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.