Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Јаболкница Расцветана јаболкница - осиромашување. Стебло без плод - болест.

Јаболко Јаболко на стебло - ќе стекнете многу пријатели. Ако берете јаболка - некоја работа во скоро време ќе ви биде крунисана со успех. Ако гледате како паѓаат јаболка од дрво - крај на една љубов. Свежо и сочно јаболко - љубовна авантура. Ако јадете кисело јаболко - опасност. Ако јадете зрело јаболко - ќе уживате во љубовта, свадба. Гнило јаболко - штета. Ако подарите јаболко - среќа.

Јавање Ќе земете друга жена/маж. Ако јавате, а не се поместувате од место - невозвратена љубов. Ако паднете од коњ при јавање - несреќа.

Јавна Куќа Срамота. Ако се наоѓате во јавна куќа - заработувачка.

Јавор Пријатен живот.

Јаглен Среќа и радост. Ако гори - радосен настан. Ако е врел - некој многу ве сака.

Јагне Ќе бидете исплашени. Јагне што пасе - голема опасност. Ако убиете или заколете јагне - големи грижи и неволји. Ако гледате како скокаат јагниња - вашите непријатели ќе се веселат.

Јагода Ако берете јаготки - незадоволства. Црвени јаготки - остварување на желбите. Црни јаготки - ве очекува болка. Ако јадете јаготки - несогласувања со домашните. Ако најдете јаготки - голема добивка. Ако барате јаготки - непријатности. Ако купувате јаготки - судење. Ако расфрлувате јаготки - несреќа. Кисели јаготки - разочарување. Незрели јаготки - прерана веселба.

Јагуар Омилени сте во својата околина.

Јагула Интриги, лажни пријатели. Ако извадите јагула од вода - болниот ќе оздрави, а на здравиот му претстои нешто пријатно. Ако ви се лизне од рацете - ќе ви пропадне некоја работа. Јагула што плива - ве очекува далечен пат. Ако јадете јагула - пријатни вести, корист. Многу јагули - успех во работата.

Јадеж Грижи и понижување.

Јадење Ако подготвувате јадење - немаштија. Ако го принесувате на маса - штета. Ако давате некому јадење - благосостојба. Ако јадете сами - здравје. Ако јадете во друштво - свадба. Ако јадете печено месо - успех и добивка. Ако јадете варено месо - лоши вести. Сиромашна порција на јадење - неочекувана радост. Ако јадете и седите на под - ќе се налутите. Ако јадете врело јадење - ви претстои печалбарство.

Јаже Немир, кавга.

Јазик Опасност. Исплазен јазик - озборување. Ако си го гризнете јазикот - смртен случај.

Јазовец Ќе ве надмудрат. Ако ловите јазовец - селидба.

Јазол Ако врзувате јазол - ќе имате непријатности. Ако одврзувате јазол - успех, благодарение наупорноста. Ако исечете јазол - ќе стекнете нова позиција. Ако не можете да одврзете јазол - ве очекува потполн неуспех во некој потфат.

Јајце Изобилство, благосостојба. Скршено јајце - непријатности. Расипано јајце - озборување. Ако купувате јајца - ве очекува разочарување поради неостварување на плановите. Ако јадете јајце - среќна веридба, голема среќа во љубовта. Ако земете јајце од гнездо - брак со вдовец/вдовица или разведен човек/жена со деца. Ако гледаде јајце како паѓа - озборување. Ако бојадисувате јајца - препреки во работата.

Јама Ако паднете во јама - кавга, болест. Ако видите јама - несреќа. Ако копате јама - ќе се задолжите. Длабока јама - болест. Плитка јама - штета.

Јамка Ако врзете јамка - ќе ви успее некој тежок потфат.

Јануари Ќе најдете млад пријател или млада пријателка.

Јарец Средба со тврдоглав противник. Јарец со големи рогови - некој ќе ве заплашува, но можен е и успех ако ги искористите сите свои можности. Ако јавате на јарец - преземате премногу одговорности врз себе, тоа може да ви наштети. Ако ве удри јарец - среќа. Ако колете јарец - многу сте свирепи. Ако јадете месо од јарец - ве очекува голем напор. Ако ве брка јарец - кавга со претпоставените.

Јасмин Доаѓање на саканото лице. Ако мирисате јасмин - ќе уживате во љубовта. Ако берете јасмин - среќен брак.

Јастог Задоволство.

Јастреб Загуба во игри на среќа.

Јахта Ќе се запознаете со некој кој ќе ви направи големи услуги.

Јачмен Пријатен живот. Ако јадете јачмен - здравје.

Јорган Неостварени желби.

Јоргован Ве очекуваат пријатни моменти во блиска иднина. Ако мирисате јоргован - љубовни средби. Ако берете јоргован - ќе направите некое срамно дело. Ако се китите со јоргован - ќе ви се смее околината. Ако купувате јоргован - неуспешен потфат.

Јули Средба со добри пријатели.

Јунак Внимавајте некој да не ве надигра. Ако се правите јунак - опасност.

Јуни Пазете се од вода.

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Copyright © 2017. All right reserved.