Zanimlivosti Twitter FaceBook Prati Poraka Humor
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 ...

Вицеви за Полицајци :

 

Трпе го запира полиција. Гледа во колата нема километражник, па го прашува Трпе како знае со колку вози?
- Види вака, кога возам 40 ауспухот тропа, кога возам 60 задната десна врата тропа, а кога возам 100 Трпана вреска!!

3.7 / 5 (6 гласови)

Полицаец и циган

Некој полицаец брка циган и вика по него:
- "Застани! Застани!"
А циганот:
- "Ти застани, тебе никој не те брка!"

4.3 / 5 (3 гласови)

Седи дете покрај кејот кај камениот мост и плаче, поминува полицаец и го прашува детето зошто плаче.
- Ми падна бурекот во Вардар, затоа плачам.
Полицаецот за да го расположи му вика:
- Со што беше бурекот, јас ќе ти купам, со месо?
- Не беше со месо!
- Со сирење ли беше?
- Не беше ни со сирење!
- Аааа знам со спанаќ беше а?
- Не беше ни со спанаќ!
- Па со што беше бе!
- Со брат ми!

4.0 / 5 (2 гласови)

Заминале за Африка амерички, англиски и наши цајкани.Се натпреварувале кој попрво ќе фати жирафа.Отишле американските цајкани и за 15 минути донеле жирафа.Отишле англиските цајкани и за 10 минути донеле.Отишле македонските цајкани и за 5 минути донеле слон,целиот во модрици.Почнале да се бунат американските и англиските цајкани:Не рековме слон туку жирафа.А слонот ја подига сурлата и вели:Признавам дека сум жирафа.

4.8 / 5 (4 гласови)

Одат двајца полицајци по улица мртви пијани и гледат еден таксист и го прашуват:
- Колку пати треба да одведеш тројца луѓе од Струмица до Радовиш?
Таксисто вели:
- Но вие сте двојца!
На тоа едниот од полицајците му враќа:
- Па зарем ти нема да се возиш со нас?

4.7 / 5 (3 гласови)

Во Шутка се запалила куќа, и Рамче му пријавува штета на цајканот:
- TV LCD SONY...

Полицаецот пишува...
- PHILIPS пегла...

Полицаецот пак пишува...
- BOSCH машина за садови.

Полицаецот го погледнува и пак пишува...
- GORENJE машина за перење.

На Полицаецот му дошло преку глава и му вели на Рамче:
- Абе кого лажеш ти бе?! ти тука струја немаш приклучено!
- Агрегат HONDA DIESEL.

5.0 / 5 (5 гласови)

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 ...

Copyright © 2017. All right reserved.